Искусниот бек на Куманово 2009 и понатаму го држи својот „стандард“, освен што е најдобар асистент во Првата лига, во моментов е и играч со најголем број на минути...
Деветтиот круг од натпреварите во нашата Прва лига донесе некои, ситни промени на оние статистички листи, барем во оној индивидуален дел.
Но останува впечатокот дека и по завршувањето на оваа првенствена рунда, Марјан Младеновиќ полека но сигурно станува еден од кандидатите за титулата најкорисен играч во нашата елитна конкуренција.
Бекот на Куманово 2009 е најдобриот асистент во лигата, и единствен со двоцифрен број на додавања. А освен тоа е и играчот кому тренерот Александар Петровиќ најмногу му верува.
Во девет натпревари, Младеновиќ останал на теренот 330 минути или во просек по 36.4 по натпревар, што навистина звучи и помалку неверојатно. Излегува дека организаторот на играта на кумановскиот состав одмора само по 3:20 минути по натпревар.
Многу подалеку во тој поглед не се ниту неговиот соиграч од Куманово 2009, Марјан Јанески (просек од 34:45 минути, па и двоецот на Работнички, Мијатовиќ-Лесколт со повеќе од 35.минути поминати во игра.
Тоа пак од друга страна индицира за „краткиот ростер“ кој го имаат овие екипи, односно дефицит на играчи за стандардно ротација за време на натпреварите. Дефинитивно доста голем проблем за стручните тимови, не само кај Куманово 2009 и Работнички, туку и кај другите прволигашки екипи.
Кога сме кај Младеновиќ и неговиот статистички ефект, вреди да се напомене и неговиот видно подобрен процент на реализација во категоријата слободни фрлања.
Со процент на реализација од 82.05%, се проби на третата позиција во оваа статистичка категорија во која лидер е репрезентативецот Дамјан Стојановски (88.89%).
ТОП 5
ПОЕНИ
Р. Харис (Академија ФМП) 8 177 22.13
Д. Доналдсон (Гостивар) 9 183 20.33
Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 9 182 20.22
А. Марзет (Еуро Никел 2005) 9 176 19.56
Б. Двејн (Работнички) 8 152 19.00
СКОКОВИ
Д. Мареро (Кожув) 5 54 10.8
М. Јанески (Куманово 2009) 9 73 8.11
С. Темелковски (Вардар) 7 56 8.0
Ф. Бакоч (Еуро Никел 2005) 9 70 7.78
Л. Тодоровски (МЗТ Скопје УБ) 9 70 7.78
ДЕФАНЗИВНИ СКОКОВИ
Д. Мареро (Кожув) 5 35 7.00
Б. Трајковски (Кожув) 7 45 6.43
М. Јанески (Куманово 2009) 9 57 6.33
С. Темелковски (Вардар) 7 43 6.14
Б. Двејн (Работнички) 8 45 5.63
ОФАНЗИВНИ СКОКОВИ
Л. Тодоровски (МЗТ Скопје УБ) 9 35 3.89
Д. Мареро (Кожув) 5 19 3.8
Ф. Бакоч (Еуро Никел 2005) 9 25 2.78
Љ. Младеновски (Работнички) 8 21 2.63
Ѓ. Каплановиќ (Еуро Никел 2005) 9 20 2.22
АСИСТЕНЦИИ
М. Младеновиќ (Куманово 2009) 9 94 10.44
Х. Лесколт (Работнички) 9 59 6.56
Б. Стајиќ (Кожув) 9 48 5.33
Ј. Петровски (Еуро Никел 2005) 9 46 5.11
Р. Харис (Академија ФМП) 8 38 4.75
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
М.Младеновиќ (Куманово 2009) 9 44 4.89
Ф.Јунику (Вардар) 7 30 4.29
Д. Митевски (МЗТ Скопје УБ) 9 35 3.89
А. Мекиќ (Пелистер) 8 30 3.75
Х. Лесколт (Работнички) 9 30 3.33
ОСВОЕНИ ТОПКИ
Б. Стајиќ (Кожув) 9 25 2.78
А. Цветковски (Пелистер) 9 21 2.33
Е. Херис (МЗТ Скопје А) 5 11 2.20
Д. Стојановски (МЗТ Скопје А) 8 17 2.13
Х. Лесколт (Работнички) 9 19 2.11
БЛОКАДИ
Љ. Младеновски (Работнички) 8 12 1.50
Б. Крстевски (МЗТ Скопје А) 9 12 1.33
М. Морнар (МЗТ Скпоје А) 9 10 1.11
Д. Мијатовиќ (Работнички) 9 9 1.00
Б. Трајковски (Кожув) 7 6 0.86
СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Д. Стојановски (МЗТ Скопје А) 8 88.89%
А. Казарновски (Пелистер) 9 87.18%
М. Младеновиќ (Куманово) 9 82.05%
А. Невеш (Вардар) 9 78.38%
Р. Харис (Академија ФМП) 8 77.05%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Ѓ. Каплановиќ (Еуро Никел 2005) 9 71.64%
Д. Доналдсон (Гостивар) 9 67.19%
Е. Пејн (Кожув) 9 66.15%
Д. Мијатовиќ (Работнички) 9 63.93%
Т. Зданавичиус (Кожув) 8 62.90%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Д. Нацевски (Академија ФМП) 9 58.97%
Ј.Петровски (Еуро Никел 2005) 9 54.76%
Д. Тасовски (Гостивар) 9 53.33%
Џ. Хиндс (МЗТ Скопје А) 7 51.61%
И. Димчевски (Гостивар) 8 50.00%
ШУТ ОД ПОЛЕ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Д. Доналдсон (Гостивар) 9 59.81%
Е. Пејн (Кожув) 8 57.69%
Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 9 56.06%
А. Мекиќ (Пелистер) 8 55.95%
Т. Зданавичиус (Кожув) 8 55.26%
МИНУТАЖА
М. Младеновиќ (Куманово 2009) 9 330:0 36:40
Р. Харис (Академија ФМП) 8 282:33 35:19
Д. Мијатовиќ (Работнички) 9 317:70 35:14
Х. Лесколт (Работнички) 9 313:18 34:48
М. Јанески (Куманово 2009) 9 312:49 34:45