Осмиот круг од натпреварите во нашата Прва лига донесе некои мали промени на оние статистички листи, барем во оној индивидуален дел.
Кошаркарот на ФМП Академија, Роналд Харис ја превзема лидерската позиција кога станува збор за најдобрите поентери во нашата Прва Лига.
Во седум одиграни мечеви за својот клуб, бекот на „пантерите“ реализирал 154.поени, или во просек по 22. поени по натпревар. Доволно за да го мине на листата досегашниот лидер Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар), кој е на 21.75, додека друштво му прави соиграчот Донован Доналдсон со 21.38 реализации во просек.
Значаен „пробив“ на скокачките листи направи играчот на Кожув, Дехуан Мареро. Макар што има одиграно половина од натпреварите, тоа не му посмета да направи просек од 12. скока по натпревар. Со овој ефект го помина оној на младите кошаркари на Вардар, Славчо Темелковски, односно на МЗТ Скопје Унибанка (8.0), Леонид Тодоровски (7.88).
Паралелно со тоа, Мареро е и најдобар дефанзивен скокач (просек 7.75), но и офанзивен (4.25).
Марјан Младеновиќ имаше дури 14.успешни додавања на гостувањето во Гостивар, со кои уште повеќе им побегна на конкурентите во трката за најдобар асистент во лигата.
Бекот на Куманово има 84 успешни пасови до соиграчите, што прави просечни 10.5 асистенции на осум одиграни натпревари.
Младеновиќ е прв на уште една листа, онаа на играчи кои губат најмногу топки на еден натпревар, има по 5.25 по натпревар.
Уште еден играч од Кожув, Бобан Стајиќ се проби на лидерската позиција на играчи кои се најдобри „крадливци на топки“. Репрезентативниот бек во просек „краде“ по 2.38 топки на еден натпревар, колку што има и Андреј Цветковски од Пелистер.
Репрезентативецот на Работнички, Љубомир Младеновски пак е најдобар блокер во прволигашката конкуренција. Има по 1.43 блокади по меч, пред неговиот соиграч од националниот тим, Бојан Крстевски со 1.38.
Интересно, Марјан Младеновиќ ја превзема и водечката улога кај играчите кои играат најмногу. Во просек поминува по 35:37 минути по натпревар со кои го надмина досегашниот предводник во оваа категорија, Данило Мијатовиќ (35:06), и уште еден играч на Работнички, Хејден Лесколт, кој е на 35:17 просечни минути поминати во игра.
ТОП 5
Р. Харис (Академија ФМП) 7 154 22.00
Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 8 174 21.75
Д. Доналдсон (Гостивар) 8 171 21.38
А. Марзет (Еуро Никел 2005) 8 157 19.63
Б. Двејн (Работнички) 7 136 19.33
СКОКОВИ
Д. Мареро (Кожув) 4 48 12.0
С. Темелковски (Вардар) 7 56 8.0
Л. Тодоровски (МЗТ Скопје УБ) 8 63 7.88
М. Јанески (Куманово 2009) 8 62 7.75
Љ. Младеновски (Работнички) 6 44 7.33
ДЕФАНЗИВНИ СКОКОВИ
Д. Мареро (Кожув) 4 31 7.75
Б. Трајковски (Кожув) 7 45 6.43
С. Темелковски (Вардар) 7 43 6.14
М. Јанески (Куманово 2009) 7 36 5.14
Б. Двејн (Работнички) 6 31 5.17
ОФАНЗИВНИ СКОКОВИ
Д. Мареро (Кожув) 4 17 4.25
Л. Тодоровски (МЗТ Скопје УБ) 8 33 4.13
Ф. Бакоч (Еуро Никел 2005) 8 23 2.88
Љ. Младеновски (Работнички) 7 20 2.86
Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 8 18 2.25
АСИСТЕНЦИИ
М. Младеновиќ (Куманово 2009) 8 84 10.5
Х. Лесколт (Работнички) 8 56 7.00
Б. Стајиќ (Кожув) 8 43 5.38
Ј. Петровски (Еуро Никел 2005) 40 5.00
Д. Доналдсон (Гостивар) 8 39 4.88
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
М.Младеновиќ (Куманово 2009) 8 42 5.25
Ф.Јунику (Вардар) 7 30 4.29
Д. Митевски (МЗТ Скопје УБ) 8 30 3.75
А. Мекиќ (Пелистер) 7 26 3.71
Д. Робев (Вардар) 8 28 3.50
ОСВОЕНИ ТОПКИ
Б. Стајиќ (Кожув) 8 19 2.38
А. Цветковски (Пелистер) 8 19 2.38
Д. Стојановски (МЗТ Скопје А) 7 16 2.29
Е. Херис (МЗТ Скопје А) 4 9 2.25
А. Невеш (Вардар) 8 17 2.13
БЛОКАДИ
Д. Миладиновиќ (Куманово 2009) 6 9 1.50
Љ. Младеновски (Работнички) 7 10 1.43
Б. Крстевски (МЗТ Скопје А) 8 11 1.38
Д. Мијатовиќ (Работнички) 8 8 1.00
С. Глигоријевиќ (Работнички) 8 7 0.88
СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Д. Стојановски (МЗТ Скопје А) 7 86.67%
А. Казарновски (Пелистер) 8 85.71%
А. Невеш (Вардар) 8 78.13%
Р. Харис (Академија ФМП) 7 76.36%
Д. Доналдсон (Гостивар) 8 71.11
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Ѓ. Каплановиќ (Еуро Никел 2005) 8 72.13%
Д. Доналдсон (Гостивар) 8 67.21%
Б. Крстевски (МЗТ Скопје А) 8 66.67%
Т. Зданавичиус (Кожув) 66.04%
Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 8 64.52%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Ј.Петровски (Еуро Никел 2005) 8 58.82%
Д. Нацевски (Академија ФМП) 8 57.58%
А. Мекиќ (Пелистер) 7 52.38%
Џ. Хиндс (МЗТ Скопје А) 6 51.61%
Д. Доналдсон (Гостивар) 8 51.35%
ШУТ ОД ПОЛЕ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Д. Доналдсон (Гостивар) 8 61.22%
Т. Зданавичиус (Кожув) 7 59.38%
Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 8 58.54%
Р. Харис (Академија ФМП) 7 55.43%
Е. Пејн (Кожув) 8 55.06%
МИНУТАЖА
М. Младеновиќ (Куманово 2009) 8 285 35:37
Х. Лесколт (Работнички) 8 282 35:17
Д. Мијатовиќ (Работнички) 8 280 35:06
Р. Харис (Академија ФМП) 7 245 35:00
М. Јанески (Куманово 2009) 8 270 33:52