09.09.2022

Засега, Јанис Адетокунбо е прв стрелец, и има најголем индекс на корисност

СТАТИСТИЧКИ ПОГЛЕД ПО ПРВИОТ ДЕЛ ОД ЕВРОБАСКЕТОТ: Доминација на „европската НБА дивизија“

Натпреварите од првата фаза на Европското првенство потврдија, би се рекло и очекувано, уште еднаш, зошто љубителите на кошарката толку „плачеа“ за календарот на ФИБА да биде направен „во корист“ на присуство на големите европски ѕвезди кои се составен дел на НБА лигата.

Односно од 1. септември „во живо“ да ги следат настапите на Никола Јокиќ, Јанис Адетокунбо, Лука Дончиќ, Лаури Марканен, Јусуф Нуркиќ, Чеди Осман, Вили Ернагомез, и добар дел од остатокот на европската „НБА дивизија“.

А виденото на паркетите во Милано, Тбилиси, Прага и Келн, потврдено е и низ статистичките бројки во кои се „протнаа“ и по некој кои своите обврски ги одработуваат на Стариот континент.

Па така, од десетте најдобри поентерски изданија, две се дело на Димаркус Бост (Бугарија) и на Џанан Муса (БиХ).

ФОТО: Димаркус Бост додаваше најмногу во бугарската селекција и воопшто на шампионатот

Американецот кој игра за Бугарија, и неговиот репрезентативен соиграч Александар Везенков дури во четири наврати имаа највисок индекс во оние ТОП 10 остварувања на првата фаза на Евробаскетот.

Одличниот Бугар, кој е на добар пат да замине во НБА (голем интерес од Сакраменто Кингс) имаше и неколку скокачни изданија за паметење. И е единствениот надвор од НБА друштвото кој успеа да „долета“ до најмалку 12 топки.

Обратно пропорционална е сликата на листата на најдобри асистенти на која доминираат „европејците“, како Ди Бост (Бугарија) и Василије Мициќ (Србија).

Кога сме кај просекот, најдобар стрелец моментално е Јанис Адетокунпо. Неверојатниот Грк има просечни 29.5 поени по натпревар кои му даваат и најголем број на индексни поени.

Прв Скокач е Везенков, кој заврши со просечни 12.2 скока, а Томаш Саторански (Чешка), е прв додавач, со девет асистенции по меч.

Процентуално гледано, најдобри реализатори на слободните фрлања (со најмалку десет уфрлени) се Александар Мамукелашвили (Грузија) со (13/13), Влатко Чанчар (Словенија со (12/12)  и Франц Вагнер (Германија) со 10 од 10.

Најпрецизен во шутот за два поени (најмалку 20. реализирани обиди) е Пољакот Александар Балцеровски (27 погодени обиди од 33). Веднаш зад неговиот, е ефектот на Никола Јокиќ (Србија) со (35/47), кој има и најмирна рака во шутот од поле (39/57).

ФОТО: Лука Дончиќ постигна неверојатни 47 поени во победата на Словенија против Франција

Индивидуално гледано, Лука Дончиќ е играчот кој постигна(л) најмногу поени на еден меч во првата фаза. Неверојатниот Словенец постигна 47, на средбата против Франција (победа од 88:82). Тоа му донесе и најголем индекс на корисност забележана на еден натпревар.

Најмногу скокови на еден меч, по 15, забележаа Дени Авдија од Израел (против Финска), Литванецот Јонас Валанчиунас, на средбата Литванија-БиХ, и Александар Везенков (Бугарија) на средбата Бугарија-Турција.

Зад Демаркус Бост од селекцијата на Бугарија се и два натпревари на кои реализираше и најмногу успешни додавања. Против Турција, одличниот американски бек додаде 13, а против Грузија 12. пати.

ПРОСЕЧЕН ИНДЕКС НА КОРИСНОСТ

Јанис Адетокунбо (Грција)        33.8

Александар Везенков (Бугарија)        31.2

Никола Јокиќ (Србија)    29.8

Лука Дончиќ (Словенија)          28.4

Лаури Марканен (Финска)        26.2

ПРОСЕЧЕН БРОЈ НА ПОЕНИ  

Јанис Адетокунбо (Грција)        29.5

Александар Везенков (Бугарија)        26.8

Лука Дончиќ (Словенија)          26.6

Лаури Марканен (Финска)        24.8

Џанан Муса (БиХ) 21.4

ПРОСЕЧЕН БРОЈ НА СКОКОВИ

Александар Везенков (Бугарија)        12.2

Јонас Валанчоунас (Литванија)           11.4

Александар Мамукелашвили (Грузија)       11.0

Никола Јокиќ (Србија)    9.4

Руди Гобер (Франција)   9.0

ПРОСЕЧЕН БРОЈ НА АСИСТЕНЦИИ

Томаш Саторански (Чешка)     9.0

Демаркус Бост (Бугарија)          8.4

Василије Мициќ (Србија)          7.4

Кендрик Пери (Црна Гора)       7.4

Томас Ертел (Франција) 7.2

ПРОЦЕНТ НА УСПЕШНОСТ ЗА ЕДЕН ПОЕН

Александар Мамукелашвили (Грузија)       13/13 100.0%

Влатко Чанчар (Словенија)       12/12 100,0%

Франц Вагнер (Германија)        10/10 100.0%

Јоханес Тиман (Германија)       16/17 94.1%

Мариус Григонис (Литванија) 14/15 93.3%

ПРОЦЕНТ НА УСПЕШНОСТ ЗА ДВА ПОЕНИ

Александер Балчеровски (Полска)   27/33 81.8%

Никола Јокиќ (Србија)    35/47 74.5%

Лука Дончиќ (Словенија)          37/50 74.0%

Вили Ернангомез (Шпанија)    31/45 68.9%

Јанис Адетокунбо (Грција)        37/55 67.3%

ПРОЦЕНТ НА УСПЕШНОСТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

Никола Калиниќ (Србија)          12/19 63.2%

Мартин Петерка (Чешка)          13/22 59.1%

Кристијан Китсинг (Естонија)   10/18 55.6%

Јам Мадар (Израел)        12/23 52.2%

Франц Вагнер (Германија)        11/22 50.0%

ПРОЦЕНТ НА УСПЕШНОСТ ОД ИГРА

Никола Јокиќ (Србија)    39/57 68.4%

Александер Балчеровски (Полска)   28/41 68.3%

Вили Ернангомез (Шпанија)    31/46 67.4%

Јан Весели (Чешка)          27/41 65.9%

Руди Гобер (Франција)   25/40 62.5%

НАЈМНОГУ ПОЕНИ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР

47 – Лука Дончиќ (Словенија) натпревар: Словенија - Франција 88:82

41 - Јанис Адетокунбо (Грција)           натпревар: Грција – Украина 99:79

36 - Лука Дончиќ (Словенија) натпревар: Словенија - Германија 88:80

34 – Лаури Марканен (Финска)           натпревар: Финска - Чешка 98:88

34 – Јонас Валанчиунас (Литванија)  натпревар: Литванија – Германија 107:109

НАЈГОЛЕМ ИНДЕКС НА КОРИСНОСТ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР

47 – Лука Дончиќ (Словенија) натпревар: Словенија - Франција 88:82

46 – Никола Јокиќ (Србија)       натпревар: Србија – Израел 89:78

45 – Јонас Валанчиунас (Литванија)  натпревар: Литванија – Германија 107:109

43 - Јанис Адетокунбо (Грција)           натпревар: Грција – Украина 99:79

38 – Демаркус Бост (Бугарија) натпревар: Бугарија – Грузија 92:80

НАЈМНОГУ СКОКОВИ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР

15 – Дени Авдија (Израел)        натпревар: Израел – Финска 89:87

15 – Јонас Валанчиунас (Литванија)  натпревар: Литванија – БиХ 87:80

15 – Александар Везенов (Бугарија) натпревар: Бугарија – Турција 87:101

14 – Никола Јокиќ (Србија)       натпревар: Србија - Финска 100:70

14 – Јонас Валанчиунас (Литванија)  натпревар: Литванија – Германија 107:109

НАЈМНОГУ АСИСТЕНЦИИ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР

14 – Демаркус Бост (Бугарија) натпревар: Бугарија - Турција

12 – Демаркус Бост (Бугарија) натпревар: Бугарија – Грузија

12 – Василије Мициќ (Србија) натпревар: Србија – Холандија          100:76

11 – Дени Авдија (Израел)        натпревар: Израел – Чешка

11 – Џустус Холац (Германија) натпревар: Германија – Унгарија