05.10.2021

Бекот на Навико ФМП Академија продолжи таму каде што застана на крајот на минатата сезона

СТАТИСТИКА ПО 1. ОДИГРАНО КОЛО: Крстајиќ ја поведе трката на поентерите

Почетокот на новата натпреварувачка сезона не донесе многу промени во оној дел од статистиката кој се нарекува поентерски.

Иако во Првата лига „влегоа“ доста нови имиња, поголем дел од нив од „надвор“, остана една, би се нарекла, константа.

Стефан Крстајиќ, искусниот српски интернационалец во редовите на Навико ФМП Академија, продолжи онаму каде што и застана на крајот на ланската сезона.

На премиерниот натпревар од оваа сезона, против екипата на Феникс 2010, Крстајиќ реализираше 29.поени. Најмногу во првото првенствено коло. Зад него останаа Ландриус Хортон (ТФТ) и Двејн Морган (Феникс 2010) со по 24.реализации, Бобан Стајиќ од Пелистер, и Влатко Граниќ (Кожув) имаа по еден помалку.

Филип Бакоч ова лето ја промени средината, но не и стилот на играта. Својата борбена игра против Феникс 2010 не ја круниса со победа, но затоа пак заврши со 14. скока, најмногу во првиот круг од натпреварите. И два повеќе во однос на Кирил Николовски (Кожув) и Обрад Томиќ, новиот играч на Еуро Никел 2005.

Дури петмина играчи дојдоа до шест успешни додавања на прволигашката премиера, а четворица имаа по дури четири освоени топки.

Двајца играчи од шампионскиот МЗТ Скопје Аеродром, Дастин Вер и Немања Милошевиќ пак, комплетираа дури 13.загубени топки на средбата во Битола.

Љубомир Младеновски (Пелистер), Амир Смит (ТФТ) и Марсело Кардосо (МЗТ Скопје Уни Банка) имаа по три блокади на почетокот на сезоната.

Немања Милошевиќ е првиот играч кој ги одигра сите 40.минути, оние на гостувањето во Битола каде неговиот нов клуб, МЗТ Скопје Аеродром загуби од Пелистер.

Во оној дел од статистиката кој се мери во проценти, доста интересен момент е оној кој вели дека петмина кошаркари почнаа со стонастотен ефект од линијата за слободни фрлања.

Новакот во редовите на дебитантот, Ангели, Аула Сумбри, стартуваше со 85% на успешност во шутот за два поени, пред Бобан Стајиќ (Пелистер) и Хортон (ТФТ), со по 83.33% на реализација.

Џордан Калахан, кој во оваа сезона (ќе) го носи дресот на Еуро Никел 2005, почна со 80% на реализација за три поени, пред Андреј Маслинко (ТФТ) и Марко Симоновски (Кожув) со исто така респектабилни 75% на успешност.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП)       1          29       29.0

2.Ландриус Хортон (ТФТ)          1          24       24.0

3.Двејн Морган (Феникс 2010)           1          24       24.0

4.Бобан Стајиќ (Пелистер)        1          23       23.0

5.Влатко Граниќ (Кожув)           1          23       23.0

СКОКОВИ

1.Филип Бакоч (Навико ФМП) 1          14       14.0

2.Кирил Николовски (Кожув)  1          12       12.0

3.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005)    1          12       12.0

4.Славчо Темелковски (Навико ФМП)          1          11       11.0

5.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         1          11       11.0  

АСИСТЕНЦИИ

1.Ахмад Кларк (Феникс 2010) 1          6          6.0

2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        1          6          6.0

3.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 1          6          6.0

4.Александар Костоски (ТФТ)  1          6          6.0

5.Кристијан Николов (МЗТ Скопје А) 1          6          6.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Недељко Кошанин (Навико ФМП) 1          4          4.0

2.Марјан Младеновиќ (Пелистер)     1          4          4.0

3.Дамјан Робев (МЗТ Скопје А)           1          4          4.0

4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         1          4          4.0

5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        1          3          3.0

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Дастин Вер (МЗТ Скопје А)    1          7          7.0

2.Џексон Емерсон (Работнички)         1          6          6.0

3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         1          6          6.0

4.Чез Вилијамс (Кожув) 1          5          5.0

5.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  1          5          5.0

БЛОКАДИ

1.Љубомир Младеновски (Пелистер)          1          3          3.0

2.Амир Смит (ТФТ)           1          3          3.0

3.Кардосо Марсело (МЗТ Скопје УБ) 1          3          3.0

4.Филип Бакоч (Навико ФМП) 1          2          2.0

5.Андреј Маслинко (ТФТ)          1          2          2.0

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         1          40:00

2.Дамјан Робев (МЗТ Скопје А)           1          39:09

3. Ландриус Хортон (ТФТ)         1          38:52

4.Аула Сумбри (Ангели) 1          38:18

5.Двејн Морган (Феникс 2010)           36:28

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Влатко Граниќ (Кожув)           1          100%

2.Александар Костоски (ТФТ) 1          100%

3.Горјан Марковски (Работнички)     1          100%

4.Чез Вилијамс (Кожув) 1          100%

5.Милош Мацура (Работнички)          1          100%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Аула Сумбри (Ангели) 1          85.71%

2.Бобан Стајиќ (Пелистер)        1          83.33%

3.Ландриус Хортон (ТФТ)          1          83.33%

4.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 1          80.0%

5.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 77.78%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           1          80%

2.Андреј Маслинко (ТФТ)          1          75.00%

3.Марко Симоновски (Кожув) 1          75.00%

4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         1          66.67%

5.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 1          66.67%

ШУТ – ВКУПНО

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        1          77.78%

2.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 1          72.73%

3.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 1          72.73%

4.Ландриус Хортон (ТФТ)          71.43%

5.Виктор Ефремовски (Гостивар)       1          66.67%