ФОТО: Ејасу Ворку има најмногу додавања по 13. одиграни натпревари во Првата лига-мажи
Вториот дел од сезоната и дефинитивно ќе донесе доста измени во она друштво на најдобрите во натпреварите од Првата лига-мажи.
Пред се затоа што еден добар дел од играчите кои важеа како лидери во одредени статистички категории, повеќе не се дел од нашето најсилно натпреварување, па и изгледот на ТОП 5 ќе биде малку поразличен.
Во вториот дел од сезоната веќе нема да ги гледаме и статистички следиме Џексон Пол, Недим Мустафица (Работнички), Исаја Мандерсон, Џон Васар (Ангели), Дастин Вер (МЗТ Скопје Аеродром) и секако Чез Вилијамс, кој си замина од Кожув.
Во едни вакви нови „околности“, лидер на листата на стрелците сега е Кахем Рансом (МЗТ Скопје Аеродром) со просечни 20.33 поени по натпревар, пред Игор Кесар од Пелистер кој се проби на втората позиција со посек од 19.92 поени по меч.
Обрад Томиќ од Еуро Никел 2005 (екипа која допрва треба да го игра мечот од 13. коло со ТФТ) е најдобар скокач со просек од 8.33 скока по натпревар, зад него е Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 8.25 и Кирил Николовски, кој ќе му биде соиграч до крајот на оваа сезона, кој има 8.17.
Во „отсуство“ на Вилијамс, Ејасу Ворку од Гостивар е најдобриот додавач во лигата, има просек од 7.15, пред Александар Костоски (ТФТ) со 6.82 асистенции.
На листата на играчи со најголем број на загубени топки прв е Кахем Рансом (МЗТ Скопје Аеродром) со 3.42, пред Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) со 3.17.
На онаа со најголем број на освоени топки како прв фигурира Бре Ајви (Навико Академија ФМП) со (2.09), што е за нијанса подобро од ефектот на Рансом (2.08) и Ахмад Кларк (Феникс 2010) кој е на (1.92).
ФОТО: Андреј Митревски (Феникс 2010) има најголем број на прволигашки минути
Андреј Митревски од Феникс 2010 е играч со најголем број на поминати минути на теренот. Младиот репрезентативец просечно игра по 35:17 минути, нешто повеќе од соиграчот Двејн Морган, кој има 34:54 и Ејасу Ворку (Гостивар) со 33:59 минути.
Што се однесува за оној процентуален дел, Стефан Крстајиќ стигна до првото место на листата на најдобри реализатори од линијата з аслободни фрлања. Бекот на Навико Академија ФМП погодува со 85.07%, пред соиграчот Бре Ајви со 84.75% и Александар Тодоровиќ (Гостивар) кој е на 81.67% на успешност.
Во графата на најдобри шутери за два поени, прво име е Игор Кесар. Силното крило на Пелистер има 70.43% на успешност пред Тодоровиќ (Гостивар) со 69.77% и Никола Малешевиќ (Пелистер), кој се проби на третото место со 66/67%.
Нивниот клупски колега, Бобан Стајиќ е најдобар реализатор зад линијата 6.75 метри со просек од 55.32% на успешност, што е подобар резултат во однос на оној кој го има двоецот од Еуро Никел 2005, Бранислав Ѓекиќ со 53.85% и Џордан Калахан со 61.67%.
Севкупно, Игор Кесар има најдобар процент на реализација од поле. Погодува со 60.78%, зад него е Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 56.06% и Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој бие со 55.93% на успех од дистанца.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.*Џексон Пол (Работнички) 11 262 23.82
2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 12 244 20.33
3. Игор Кесар (Пелистер) 12 239 19.92
4.*Исаја Мандерсон (Ангели) 8 159 19.88
5.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП) 13 253 19.46
СКОКОВИ
1.*Исаја Мандерсон (Ангели) 8 71 8.88
2.*Недим Мустафица (Работнички) 11 93 8.45
3.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 12 100 8.33
4. Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 12 99 8.25
5.Кирил Николовски (Кожув/Еуро Никел 2005) 12 98 8.17
АСИСТЕНЦИИ
1.*Чез Вилијамс (Кожув) 12 94 7.83
2.Ејасу Ворку (Гостивар) 13 93 7.15
3.Александар Костоски (ТФТ) 11 75 6.82
4.*Дастин Вер (МЗТ Скопје А) 12 77 6.42
5.*Џексон Пол (Работнички) 11 70 6.36
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.*Џон Васар (Ангели) 10 37 3.70
2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 12 41 3.42
3.*Чез Вилијамс (Кожув) 12 38 3.17
4.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 6 19 3.17
5.*Џексон Пол (Работнички) 11 34 3.09
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Бре Ајви (Н.Академија ФМП) 11 23 2.09
2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 12 25 2.08
3.Ахмад Кларк (Феникс 2010) 13 25 1.92
4.*Чез Вилијамс (Кожув) 12 22 1.83
5.Ејасу Ворку (Гостивар) 13 23 1.77
БЛОКАДИ
1.Амир Смит (ТФТ) 8 16 2.00
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 11 19 1.73
3.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 12 16 1.33
4.Давид Хоутон (Пелистер) 12 14 1.17
5.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 12 12 1.00
МИНУТИ ВО ИГРА
1.*Чез Вилијамс (Кожув) 12 440:80 36:40
2.Андреј Митревски (Феникс 2010) 13 458:51 35:17
3.Двејн Морган (Феникс 2010) 13 453:52 34:54
4.*Исаја Мандерсон (Ангели) 8 276:28 34:33
5.Ејасу Ворку (Гостивар) 13 441:56 33:59
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Стефан Крстајиќ (Н. Академија ФМП) 13 85.07%
2.Бре Ајви (Навико Академија ФМП) 11 84.75%
3.*Исаја Мандерсон (Ангели) 8 84.44%
4.*Џозеф Кејлеб (Куманово 2009) 8 81.82%
5.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 13 81.67%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Игор Кесар (Пелистер) 12 70.43%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 13 69.77%
3.Никола Малешевиќ (Пелистер) 13 66.67%
4.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје А) 12 63.41%
5.*Недим Мустафица (Работнички) 12 61.26%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Бобан Стајиќ (Пелистер) 12 55.32%
2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 11 54.29%
3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 12 51.67%
4.Кирил Николовски (Кожув/Еуро Никел 2005) 12 50.94%
5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 12 50.00%
ШУТ – ВКУПНО
1.Игор Кесар (Пелистер) 12 60.78%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 13 56.06%
3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) 13 55.93%
4.Кирил Николовски (Кожув) 12 54.30%
5.*Чез Вилијамс (Кожув) 12 52.66%
(статистика без одложениот натпревар Еуро Никел 2005-ТФТ)
* - неактивни играчи во Првата лига