08.03.2022

Силното крило на Пелистер во просек реализира точно по 20. поени на натпревар

СТАТИСТИКА ПО 17. ОДИГРАНО КОЛО ВО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кесар е единствениот над „дваесеттката“

Заминувањата на неколку странски кошаркари пред и за време на првенствената пауза, придонесе и да има доста промени во главните статистички категории во Првата лига-мажи.

Редоследно, Игор Кесар од Пелистер по одиграното 17.коло е новиот лидер на стрелците. Силното крило на лидерската екипа има просечни 20.поени по натпревар, пред Кахем Рамсон од МЗТ Скопје Уни Банка со 19.88 и Ландриус Хортон (ТФТ) кој има 18.75.

Амир Смит е константа кога се во прашање скоковите. Крилото на ТФТ има по 8.46 скока во просек, со кои е за нијанса подобар од Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) кој се проби на втората позиција со 8.22 и Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 7.88.   

Ејасу Ворку е најдобриот асистент во лигата во овој момент. Бекот на Гостивар имаше десет успешни додавања на средбата со Феникс 2010, со кои го покачи својот просек на точно осум додавања по натпревар. Доста подобро во однос на Бобан Стајиќ (Пелистер) и Александар Костоски (ТФТ) кои имаат по шест.

Кахем Рансом од МЗТ Скопје Уни Банка е играчот кој има најмногу загубени топки, во просек по 3.7 по меч, а по три загубени топки имаат и Били Ајви (Навико Академија ФМП) и Андреја Деолски (Ангели).

Но и играч кој има најмногу освоени топки, по 2.25 по натпревар...

Кога станува збор за блокадите, Амир Смит (ТФТ) со сосема солидни 2.15 блокади по натпревар, пред Љубомир Младеновски (Пелистер) со 1.5 скока и неговиот клупски соиграч, Дејвид Хаутон со 1.18.

Чез Вилијамс си замина од Кожув како играч кој имше најголема минутажа, па сега приматот во оваа категорија го има Андреј Митревски. Младиот репрезентативец од Феникс 2010 во просек игра по 34:26 минути.

Процентуално, Били Ајви (Навико Академија ФМП) има највисок процент на реализирани слободни фрлања (87.05%), што е малку подобро во однос на ефект на Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 86.42% и неговиот соиграч од Навико Академија ФМП, Стефан Крстајиќ со 85.07%.

Силното крило на Гостивар е лидер во категоријата „шут за два поени“ затоа што има високи 72.12% на реализација од таа позиција пред Игор Кесар (Пелистер) со 70.15% и Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој е на 65.45%.

Иако не ги одигра последните неколку средби за Пелистер, Бобан Стајиќ е прв тројкаш во лигата со 54.9% на успешност. Зад него е двоецот на (Еуро Никел 2005, Бранислав Ѓекиќ кој има 49.12% и Џордан Калахан со 48.24%.

Севкупно, кога станува збор за шутот од дистанца, Игор Кесар има најдобра реализација од 60.53%, Александар Тодоровиќ погодува со 57.06% на успешност, а Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 55.19%.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Игор Кесар (Пелистер)            15       300     20.00

2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        16       311     19.44

3.Ландриус Хортон (ТФТ)          12       236     18.75

4.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        15       280     18.67

5.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         15       270     18.00

СКОКОВИ

1.Амир Смит (ТФТ)           13       110     8.46

2.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје УБ)     9          74       8.22

3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)         17       134     7.88

4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      17       133     7.82

5.Двејн Морган (Феникс 2010)           16       125     7.81

АСИСТЕНЦИИ

1.Ејасу Ворку (Гостивар) 17       136     8.00

2.Бобан Стајиќ (Пелистер)        14       85       6.07

3.Александар Костоски (ТФТ)  16       97       6.06

4.Марјан Младеновиќ (Пелистер)     17       91       5.35

5.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           17       80       4.71  

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        16       55       3.44

2.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         15       47       3.13

3.Андреа Деолски (Ангели)      16       49       3.06

4.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  13       38       2.92

5.Александар Костоски (ТФТ)  16       43       2.69

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        16       36       2.25

2.Бре Ајви (Навико Академија ФМП)            15       28       1.87

3.Ејасу Ворку (Гостивар) 17       31       1.82

4.Стефан Глигоријевиќ (Куманово 2009)    17       30       1.76

5.Лука Стојановски (Навико Академија ФМП)      17       29       1.71

БЛОКАДИ

1. Амир Смит (ТФТ)          13       28       2.15  

2.Љубомир Младеновски (Пелистер)          14       21       1.50

3.Давид Хаутон (Пелистер)       17       20       1.18

4.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005)          17       18       1.06

5.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)     16       16       1.00

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Андреј Митревски (Феникс 2010)  14       484:37          34:36

2.Двејн Морган (Феникс 2010)           16       545:44          34:60

3.Кахим Рамсон (МЗТ Скопје УБ)        16       543:42          33:58

4.Дамјан Крстевски (Ангели)   15       504:27          33:37

5.Ејасу Ворку (Гостивар) 17       558:51          32:52

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         15       87.06%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 17       86.42%

 

3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        15       85.07%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      17       78.57%

5.Игор Кесар (Пелистер)            15       76.56%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 17       72.12%

2.Игор Кесар (Пелистер)            15       70.15%

3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)            16       65.45%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      17       63.79%

5.Амир Смит (Работнички)       13       63.46%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        14       54.90%

2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005)          17       49.12%

3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           17       48.24%

4.Кирил Николовски (Кожув)  17       45.95%

5.Марјан Јанески (Гостивар)    17       44.44%

ШУТ – ВКУПНО

1.Игор Кесар (Пелистер)            15       60.53%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 17       57.06%

3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)         17       55.19%

4.Ландриус Хортон (ТФТ)          16       55.07%

5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      17       51.60%