15.03.2022

Бекот на МЗТ Скопје Уни Банка ја надмина бројката од најмалку 20 поени по натпревар...

СТАТИСТИКА ПО 18. ОДИГРАНО КОЛО ВО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Рансом влегува во трка со Кесар за најдобар стрелец

По одигрувањето на 18. коло од Првата лига-мажи, промена на листата на најдобрите поентери во друштвото на најдобрите.

Играчот на МЗТ Скопје Уни Банка, Кахем Рансом е новиот лидер на стрелците. Со одличното издание во Битола, го превзема водството од еден „битолчанец“, поточно од Игор Кесар.

Има просек од 20.18 поени по натпревар со кој е за малку подобар од оној на силното крило на Пелистер кој е на точно 20. поени по меч. „Напредок“ на листата направи и Ландриус Хортон (ТФТ) кој има просек од 19.53 поени.

Американецот од вториот тим на МЗТ Скопје, има и најмногу освоени топки, по 2.35 на меч, но и најмногу загубени топки во лигата – по 3.35.

Амир Смит од ТФТ останува најдобар скокач, со просек од 8.71, го следи во чекор Самет Јигитоглу од МЗТ Скопје Уни Банка со 8.7, трет е Двејн Морган од Феникс 2010 со осум скока по натпревар.

Смит е и прв блокер во најсилната конкуренција, со 2.29 блокади по меч, доста подобро во однос на Љубомир Младеновски (Пелистер) кој е на 1.53 и неговиот соиграч Дејвид Хаутон со 1.18 блокади на натпревар.

Иако одигра „под просекот“ во натпреварот против ТФТ, Ејасу Ворку и понатаму е најдобриот додавач во првенството со просечни 7.83 асистенции, пред Александар Костоски (ТФТ) со 6.24 и Бобан Стајиќ (Пелистер) со 6.07.

Со оглед на тоа што поради повреда, не ги одигра последните неколку натпревари, Андреј Митревски (Феникс 2010) останува играч со најголем број на минути поминати на теренот. Во просек тоа изнесува 34:36, на кои се доближи неговиот соиграч, Двејн Морган, кој има 34:33, пред, повторно Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) со 34:20 минути.

Процентуално, Били Ајви (Навико Академија ФМП) е најдобар реализатор на слободните фрлања, со 87.06% на реализација. Александар Тодоровиќ (Гостивар) има највисок процент од 71.3% на реализација за два поени, а Бобан Стајиќ (Пелистер) за три поени, 54.9%.

Генерално земено, Игор Кесар од Пелистер има најдобри бројки во шутот од дистанца. Силното крило на лидерот, погодува со 60.7% на успешност, пред Тодоровиќ (Гостивар) кој има 56.4% и Ландриус Хортон (ТФТ) кој сега е на третото место, со 55.75% на успех во обидите вредни два односно три поени.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        17       343     20.18

2.Игор Кесар (Пелистер)            16       320     20.00

3.Ландриус Хортон (ТФТ)          17       332     19.53

4.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        16       305     19.06

5.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         16       283     17.69

СКОКОВИ

1.Амир Смит (ТФТ)           14       122     8.71

2.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје УБ)     10       87       8.7

3.Двејн Морган (Феникс 2010)           18       145     8.06

4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      18       142     7.89

5.Ландриус Хортон (ТФТ)          17       130     7.65

АСИСТЕНЦИИ

1.Ејасу Ворку (Гостивар) 18       140     7.78

2.Александар Костоски (ТФТ)  17       106     6.24

3.Бобан Стајиќ (Пелистер)        14       85       6.07

4.Марјан Младеновиќ (Пелистер)     18       96       5.33

5.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           18       82       4.56  

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        17       57       3.35

2.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         16       50       3.13

3.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  13       38       2.92

4.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005)        12       34       2.83

5.Андреа Деолски (Ангели)      18       51       2.83

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        17       40       2.35

2.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         16       30       1.88

3.Стефан Глигоријевиќ (Куманово 2009)    18       31       1.72

4.Ејасу Ворку (Гостивар) 18       31       1.72

5.Тревон Бродвеј (Кожув)         17       28       1.65

БЛОКАДИ

1.Амир Смит (ТФТ)           14       32       2.29  

2.Љубомир Младеновски (Пелистер)          15       23       1.53

3.Давид Хаутон (Пелистер)       17       20       1.18

4.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)     17       17       1.00

5.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје УБ)     10       10       1.00

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Андреј Митревски (Феникс 2010)  14       484:37          34:36

2.Двејн Морган (Феникс 2010)           18       621:55          34:33

3.Кахим Рамсон (МЗТ Скопје УБ)        17       583:42          34:20

4.Ејасу Ворку (Гостивар) 18       591:32          32:51

5.Горјан Марковски (Работнички)     583:26          32:24

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         16       87.06%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 18       86.42%

 

3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        16       82.86%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      18       77.22%

5.Игор Кесар (Пелистер)            16       75.71%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 18       71.30%

2.Игор Кесар (Пелистер)            16       70.21%

3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје А)            17       65.04%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      18       64.06%

5.Амир Смит (Работнички)       14       63.39%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        14       54.90%

2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005)          18       47.54%

3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           18       47.13%

4.Кирил Николовски (Кожув)  18       45.45%

5.Марјан Јанески (Гостивар)    18       45.45%

ШУТ – ВКУПНО

1.Игор Кесар (Пелистер)            16       60.70%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 18       56.40%

3.Ландриус Хортон (ТФТ)          17       55.75%

4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         18       55.56%

5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      18       52.31%