22.03.2022

На три кола до крајот на регуларниот дел, силното крило на Пелистер е прв стрелец во лигата...

СТАТИСТИКА ПО 19. ОДИГРАНО КОЛО ВО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пол-позицијата за Игор Кесар

Игор Кесар и неговиот клуб Пелистер, не одиграа како што посакуваа на гостувањето во „Кале“ и мечот со Работнички, но тоа не му посмета на силното крило да го поправи својот поентерски ефект.

Напротив...

Српскиот интернационалец ја презема водечката позиција во категоријата на најдобрите стрелци во лигата. Сега со просек од 20.29 поени по натпревар со кој го надмина ефектот на Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка), кој има нешто под 20 поени, поточно 19.56, додека трет на листата е некогашниот лидер, Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 19.06.

Амир Смит останува прв на листата на најдобрите скокачи, во просек има по 9.2 скока по натпревар, подобро од Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) со 8.7 и Двејн Морган (Феникс 2010) кој има 7.95.

Тоа е лидер на блокерите, затоа што во просек има по 2.4 блока по натпревар, пред Љубомир Младеновски (Пелистер) со 1.63 и неговиот соиграч од екипата од Битола, Дејвид Хаутон со 1.11.

Ејасу Ворку од Гостивар, останува најдобар асистент, сега со нешто пониски 7.58 правовремени додавања во однос на претходното рангирање. На истата позиција остануваат и Александар Костоски од ТФТ со 6.22 додавања и Бобан Стајиќ, кој поради повреда не играше, па има просечни нешто повеќе од шест асистенции по меч.

Кахем Рансом е најдобар во три категории...

Прв е на листата на најдобрите освојувачи на топки, со просек од 2.28 топки по меч.

Бекот на МЗТ Скопје Уни Банка е прв на листата на играчи кои губат најмногу топки, во просек по 3.39 по натпревар. А води и на листата на играчи со најголема минутажа. Игра во просек по 34:39 минути на еден натпревар.

Кога се зборува за оној процентуален дел, односно реализацијата, Били Ајви (Навико Академија ФМП) е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања од каде погодува со 87.78% на успешност. Зад неговиот, е ефектот на Александар Тодоровиќ (Гостивар), кој има 86.42%, трет е уште еден играч ан Навико Академија ФМП, Стефан Крстајиќ кој реализира со 83.78%.

На листата на играчи со најдобра реализација за два поени води „гостиварецот“ Александар Тодоровиќ, кој го прави тоа со 71.3% на успех. Зад него се Игор Кесар (Пелистер) со 70.67%, и Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој е на 65.91% на реализација од таа позиција.

Најдобар тројкаш останува Бобан Стајиќ, кој не ги одигра последните неколку средби за Пелистер (поради повреда). Репрезентативниот бек е на просек од 54.9%, зад него е Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) со точно 50%, и неговиор соиграч, Џордан Калахан, кој погодува со 46.74% од зад линијата 6.75 метри.

Севкупно гледано, Игор Кесар (Пелистер) има најдобра реализација од дистанца, (обидите за два и за три поени), 60.85%, пред Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 56.4% и Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој има 55.06% на успешност.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Игор Кесар (Пелистер)            17       345     20.29

2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        18       352     19.56

3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        17       324     19.06

3.Ландриус Хортон (ТФТ)          18       343     19.06

5.Eјасу Ворку (Гостивар) 19       332     17.47

СКОКОВИ

1.Амир Смит (ТФТ)           15       138     9.2

2.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје УБ)     10       87       8.7

3.Двејн Морган (Феникс 2010)           19       151     7.95

4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      19       150     7.89

5.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)   19       148     7.79

АСИСТЕНЦИИ

1.Ејасу Ворку (Гостивар) 19       144     7.58

2.Александар Костоски (ТФТ)  18       112     6.22

3.Бобан Стајиќ (Пелистер)        14       85       6.07

4.Марјан Младеновиќ (Пелистер)     19       100     5.26

5.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           19       86       4.53  

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        18       61       3.39

2.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         17       50       2.94

3.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  13       38       2.92

4.Андреа Деолски (Ангели)      19       54       2.84

5.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005)        13       36       2.77

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        18       41       2.28

2.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         17       30       1.76

3.Стефан Глигоријевиќ (Куманово 2009)    19       32       1.68

4.Тревон Бродвеј (Кожув)         18       30       1.67

5.Ејасу Ворку (Гостивар) 19       31       1.63

БЛОКАДИ

1.Амир Смит (ТФТ)           15       36       2.40  

2.Љубомир Младеновски (Пелистер)          16       26       1.53

3.Давид Хаутон (Пелистер)       18       20       1.11

4. Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005)         19       20       10.05

5.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје УБ)     10       10       1.00

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Кахим Рамсон (МЗТ Скопје УБ)        18       623:42          34:39

2.Двејн Морган (Феникс 2010)           19       655:15          34:29

3.Андреј Митревски (Феникс 2010)  15       498:60          33:12

4.Ејасу Ворку (Гостивар) 19       627:24          33:10

5.Горјан Марковски (Работнички)     19       617:30          32:28

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         17       87.78%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 18       86.42%

 

3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        17       83.78%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      19       78.31%

5.Игор Кесар (Пелистер)            17       78.05%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 18       71.30%

2.Игор Кесар (Пелистер)            17       70.67%

3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје А)            18       65.91%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      19       64.44%

5.Амир Смит (ТФТ)           15       62.50%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        14       54.90%

2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005)          19       50.00%

3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           19       46.74%

4. Лендриус Хортон (ТФТ)         18       45.21%

5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      19       43.75%

ШУТ – ВКУПНО

1.Игор Кесар (Пелистер)            17       60.85%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 18       56.40%

3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         18       55.56%

4.Ландриус Хортон (ТФТ)          18       54.85%

5.Марјан Јанески (Гостивар)    19       52.02%