Вториот круг од натпреварите во Првата лига-мажи, очекувано, не донесе некои големи промени на листите на најдобрите индивидуални остварувања, барем во оние водечки статистички категории.
Стефан Крстајиќ го задржа приматот на најдобар на листата на поентери. Бекот на Навико ФМП Академија има просек од 26.5 поени на двете одиграни средби.
Зад него е ефектот на најкорисниот играч во првите две кола, Лендриус Хортон, кој има 23.5. А одлично котираат двајца високи играчи како Александар Тодоровиќ од Гостивар со 22, односно Кирил Николовски (Кожув), кој има просечни 21.5 поени по меч.
Својата универзалност во играта Хортон ја прикажува и со скокачките активности. Во два меча собра најмногу скокови (вкупно 23), или просек од 11.5 кои го прават, барем во овој момент и прв скокач во првенството, заедно со Милош Мацура од Работнички.
Нешто пред Славчо Темелковски (Навико ФМП Академија) кој има 11, и Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) кој е на десет просечни скока.
Промена има на листата на најдобрите асистенти. Сега ја предводи новиот играч на МЗТ Скопје Уни Банка, Кахем Рансом, со 7.5 успешни додавања, со кои е пред Чез Вилијамс, кој оваа сезона ја почна како играч на Кожув и просечни 6.5 асистенции. Просек каков што имаат и Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) и Џексон Емерсон (Работнички).
Што се однесува до бројот на загубени топки, „лидер“ е играчот на Навико ФМП Академија, Недељко Кошанин кој има дури по шест загубени топки, пред Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со една помалку.
На листата на најдобри „крадливци“, број 1 е Марјан Младеновиќ од Пелистер со високи 4.5 украдени топки, пред Кахем Рамсон (МЗТ Скопје УБ) кој има 3.5.
Најголем број на минути во игра има „насекаде присутниот“ Ландриус Хортон, кој игра по 38.4 минути по меч. Двејн Морган од Феникс 2010 е на 37.2, а неговиот помлад соиграч, Андреј Митревски на 37 минути.
Процентуално, Александар Костоски, новото засилување на ТФТ, е најдобриот изведувач на слободни фрлања, затоа што засега има максимален, стонастотен ефект од таа позиција од која успешно реализираат и Александар Тодоровиќ (Гостивар), со 93.3% и Андреј Митревски (Феникс 2010) со 92.8%.
А полека, но сигурно Предраг Самарџиски ја превзема водечката улога кај играчи се со најдобра реализација од поле. Искусниот центар, сега играч на Еуро Никел 2005, погодува со 80% на успешност во обидите вредни по два поени. Или севкупно, со 72.73% од поле.
Зад неговиот е ефектот на Александар Тодоровиќ (Гостивар), кој има 78.95% и Игор Кесар (Пелистер) со 76.19% во обидите за два поени.
Новиот играч на Еуро Никел 2005, Џордан Калахан, засега најдобро погодува за три поени, со 71.5% на успешност. Зад него е двоецот Филип Бакоч (Навико ФМП Академија) и Џонатан Холмс (Куманово 2009), кои се на 62.5% од оваа позиција.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП) 2 53 26.5
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 2 47 23.5
3.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 2 44 22.0
4.Кирил Николовски (Кожув) 2 43 21.5
5.Андреј Митревски (Феникс 2010) 2 39 19.5
СКОКОВИ
1.Ландриус Хортон (ТФТ) 2 23 11.5
2.Милош Мацура (Работнички) 2 23 11.5
3.Славчо Темелковски (Навико ФМП А.) 1 11 11.0
4.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 2 20 10.0
5.Филип Бакоч (Навико ФМП А.) 2 19 9.5
АСИСТЕНЦИИ
1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 2 15 7.5
2.Чез Вилијамс (Кожув) 2 13 6.5
3.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 2 13 6.5
4.Џексон Емерсон (Работнички) 2 13 6.5
5.Александар Костоски (ТФТ) 2 11 5.5
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Недељко Кошанин (Навико ФМП А.) 2 12 6.0
2.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) 2 10 5.0
3.Дастин Вер (МЗТ Скопје А.) 2 10 5.0
4.Чез Вилијамс (Кожув) 2 9 4.5
5.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП А.) 2 8 4.0
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 2 9 4.5
2.Кахем Рансом (Ангели) 2 7 3.5
3.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје УБ) 1 3 3.0
4.Недељко Кошанин (Навико ФМП А.) 2 5 2.5
5.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А.) 2 5 2.5
БЛОКАДИ
1.Кардосо Марсело (МЗТ Скопје УБ) 1 3 3.0
2.Амир Смит (ТФТ) 2 4 2.0
3.Исаја Мандерсон (Ангели) 2 3 1.5
4.Љубомир Младеновски (Пелистер) 2 3 1.5
5.Филип Бакоч (Навико ФМП) 2 2 1.0
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Ландриус Хортон (ТФТ) 2 76:90 38.4
2.Двејн Морган (Феникс 2010) 2 74:49 37.2
3.Андреј Митревски (Феникс 2010) 2 74:13 37.06
4.Чез Вилијамс (Кожув) 2 74:43 36:5
5.Кирил Николовски (Кожув) 2 71:47 35.5
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Александар Костоски (ТФТ) 2 100%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 2 93.33%
3.Андреј Митревски (Феникс 2010) 2 92.86%
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 2 90.91%
5.Влатко Граниќ (Кожув) 2 87.50%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 2 80.0%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 2 78.95%
3.Игор Кесар (Пелистер) 2 76.19%
4.Ландриус Хортон (ТФТ) 2 76.19%
5.Андреј Атанасов (Ангели) 2 75.00%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 2 71.4%
2.Филип Бакоч (Навико ФМП А.) 2 62.5%
3.Џонатан Холмс (Куманово 2009) 2 62.5%
4.Андреј Настовски (Куманово 2009) 2 57.1%
5.Горјан Марковски (Работнички) 2 54.5%
ШУТ – ВКУПНО
1.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 1 72.73%
2.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје УБ) 1 66.67%
3.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 2 62.50%
4.Ландриус Хортон (ТФТ) 2 60.00%
5.Игор Кесар (Пелистер) 2 59.26%