26.04.2022

Новакот во редовите на Куманово 2009 има просечни 33 поени на првите два натпревари од вториот дел

СТАТИСТИКА ПО 2. ОДИГРАНО КОЛО ВО СУПЕРЛИГА/ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Марјановиќ држи висок просек

Одличен почеток има новиот играч на Куманово 2009 Андрија Марјановиќ во овој втор дел од сезоната односно натпреварите во Плеј-аут лигата кои ги игра неговиот клуб.

Засилувањето на кумановци реализираше 66.поени на првите два натпревари, односно просек од 33.поени по натпревар, кој го прави и лидер на стрелците во оваа фаза од првенството. Скор кој е далеку подобар во однос на конкуренцијата која ја сочинуваат Стефан Балмазовиќ (Работнички), кој има просечни 27.поени, и Игор Кесар (Пелистер) со 23. поени на два натпревари од Суперлигата.

Оливер Двојаковски од Навико Академија ФМП и Бојан Трајковски (Феникс 2010) пак се најдобрите скокачи. Имаат просечни 11.5 скока по натпревар, додека пак трет е Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) со 11.

Не играше во првото, но затоа пак во второто коло Дион Едвин од Работнички комплетираше десет успешни додавања, доволно да ја поведе трката во оваа статистичка категорија во која доста добри стартни позиции оставија и Горан Главчев (Кожув) со седум асистенции, односно Бобан Стајиќ (Пелистер) и Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) со по 6.5.

Бекот на екипата од Кисела Вода има и најмногу загубени топки, дури шест по натпревар. А една помалку има неговиот довчерашен соиграч, Стефан Крстајиќ, кој на деби настапот за Пелистер имаше пет.

Уште едно ново име, но во редовите на Куманово 2009, Душан Јузбашиќ е играчот кој има освоено најмногу топки, односно вкупно шест на две средби.

Ефект каков што има и Карло Блажевски (МЗТ Скопје Уни Банка), додека пак тројца играчи, Бојан Трајковски (Феникс 2010), Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) и Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) имаат по 2.5.

Намди Оконкво од Кожув е најдобриот блокер на почетокот на втората фаза со три блокади, додека пак Бојан Трајковски (Феникс 2010) е играчот со најголем број на одиграни минути. Игра по неверојатни 39:35 минути по натпревар, пред неговиот клупски соиграч Џошуа Вилијамс кој е на 38:16.

Кога станува збор на процентите на реализација, двоецот од Навико Академија ФМП, Недељко Кошанин-Филип Бакоч засега ги погодија сите слободни фрлања.

Горан Главчев (Кожув) и Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) се најдобри во реализација на ударите вредни по два поени, погодуваат со 71.43% на успешност.

Најдобри во реализацијата на тројките се Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Игор Кесар (Пелистер) и Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) со по 66.67% на успех од таа позиција.

Севкупно, најдобра реализација од поле има новакот во редовите на Пелистер, Стефан Крстајиќ, погодува со 66.7% на успех, пред Валмир Какруки (Работнички) со 65.22% и Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), кој е на точно 60% на успешност.  

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     2          66       33.00

2.Стефан Балмазовиќ (Работнички)  2          54       27.00

3.Игор Кесар (Пелистер)            2          46       23.0

4.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)   2          44       22.0

5.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  2          35       17.50

СКОКОВИ

1.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП) 2          23       11.5

2.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     2          23       11.5

3.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)   2          22       11.0

4.Намди Оконкво (Кожув)        2          22       10.0

5.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 1          10       10.0

АСИСТЕНЦИИ

1. Деон Едвин (Работнички)     1          10       10.0

2.Горан Главчев (Кожув)           2          14       7.0

3.Бобан Стајиќ (Пелистер)        2          13       6.5

4.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП)   2          13       6.5

4.Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)      1          5          5.0

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП)   2          12       6.0

2.Стефан Крстајиќ (Пелистер)  1          5          5.0

3.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 2          9          4.5

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      1          4          4.0     

5.Деон Едвин (Работнички)      1          4          4.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 2          6          3.0

2.Карло Блажевски (МЗТ Скопје Уни Банка)          2          6          3.0

3.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     2          5          2.5

4.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  2          5          2.5

5.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)   2          5          2.5

БЛОКАДИ

1.Намди Оконкво (Кожув)        2          6          3.0

2.Дејвид Хаутон (Пелистер)     1          2          2.0

3.Амир Смит (ТФТ)           2          3          1.5

4.Љубомир Младеновски (Пелистер)          2          2          1.0

5.Игор Кесар (Пелистер)            2          2          1.0

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     2          79:10 39:35

2.Џошуа Вилијамс (Феникс 2010)      2          76:32 38:16

3.Горан Главчев (Кожув)           2          76:50 38:02

4.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     2          72:39 36:19

5.Кахем Рансом (Гостивар)       2          72:19 36:09

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП)   2          100.0%

2.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)   2          100.0%

3.Грифин Раме (Ангели) 2          88.89%

4.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)     2          87.50%

5.Лука Стојановски (Еуро Никел 2005)        2          87.50%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Горан Главчев (Кожув)           2          71.43%

2.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)     2          71.43%

3.Намби Оконкво (Кожув)        2          68.75%

4.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка)        2          66.67%

5.Валмир Какруки (Работнички)        2          65.22%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Игор Кесар (Пелистер)            2          66.67%

2.Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)        1          66.67%

3.Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)      1          66.67%

4.Ландриус Хортон (ТФТ)          2          62.5%

5.Стефан Крстајиќ (Пелистер)  1          60.00%

ШУТ ОД ИГРА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Стефан Крстајиќ (Пелистер)  1          66.67%

2.Валмир Какруки (Работнички)        2          65.22%

3.Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)      1          60.0%

4.Горан Главчев (Кожув)           2          55.0%

5.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  1          54.17%