Колото кое беше заокружено во текот на вчерашниот ден со одигрување на средбата МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ, не донесе некои подобри бројки во онаа индивидуална класификација.
Напротив, дел од водечките играчи во оние главни статистички категории дури и „назадуваа“ на листите.
Игор Кесар (Пелистер) се симна под просекот од 20.поени, и влезе во групата на играчи кои имаат најмалку по 19. реализации, а во која се наоѓаат Кахим Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) со 19.53 поени, Лендриус Хортон (ТФТ) со 19.26 и Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП), кој е на просек од 19.11 поени по натпревар.
Амир Смит од редовите на ТФТ останува најдобриот скокач и блокер. Во просек има по девет скока на меч, како и по 2.31 блокади.
Ејасу Ворку од Гостивар останува прв кај асистентите, но сега со просечни 7.55 додавања со кои е пред Александар Костоски (ТФТ), кој е на 6.11.
Нема промени и на листата на играчи со најголем број на загубени топки. Води Кахим Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) со 3.07 пред Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) со 2.92 и Били Ајви (Навико Академија ФМП) со 2.89.
Кахим Рансом е лидер на листата на играчи со најголем број на освоени топки. Бекот на МЗТ Скопје Уни Банка во просек „краде“ по 2.21 топки, зад него се Били Ајви (Навико Академија ФМП) со 1.78 и Горјан Марковски (Работнички) со 1.7.
Тој е на првото место и според „минутажата“, затоа што во просек игра по 34:37 минути на еден натпревар.
Бекот на Навико Академија ФМП, Били Ајви е прв во категоријата најдобри изведувачи на слободни фрлања, затоа што на 18. средби има процент на реализација од 87.63%, пред Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 85.54% и Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 83.75%.
Во обидите вредни по два поени, предначи Игор Кесар (Пелистер), со 69.43%, зад него е Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 65.69% и уште еден играч на Пелистер, Никола Малешевиќ со 64.69%.
Во овој момент, по 20.одиграни кола, листата на најдобри тројкаши сеуште ја предводи Бобан Стајиќ. Репрезентативнито бек погодува со 53.7% на успешност, над 50% е и Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005).
Вкупно гледано, Игор Кесар е најдобриот реализатор во лигата од дистанца, затоа што има 59.91% на успешност, пред Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 56.25% и Лендриус Хортон (ТФТ) кој е на 54.33%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Игор Кесар (Пелистер) 18 355 19.72
2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 19 371 19.53
3.Ландриус Хортон (ТФТ) 19 366 19.26
4.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 18 344 19.11
5.Двејн Морган (Феникс 2010) 20 354 17.70
СКОКОВИ
1.Амир Смит (ТФТ) 16 144 9.0
2.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 10 87 8.7
3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 20 163 8.15
4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 19 150 7.89
5.Двејн Морган (Феникс 2010) 20 155 7.75
АСИСТЕНЦИИ
1.Ејасу Ворку (Гостивар) 20 151 7.55
2.Александар Костоски (ТФТ) 19 116 6.11
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 15 88 5.87
4.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 20 101 5.05
5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 19 85 4.47
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 19 64 3.70
2.Били Ајви (Навико Академија ФМП) 18 52 2.89
3.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) 13 38 2.92
4.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 14 40 2.86
5.Андреа Деолски (Ангели) 20 57 2.85
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 19 42 2.21
2.Били Ајви (Навико Академија ФМП) 18 32 1.78
3.Горјан Марковски (Работнички) 20 34 1.70
4.Амир Смит (ТФТ) 16 27 1.69
5.Тревон Бродвеј (Кожув) 18 30 1.67
БЛОКАДИ
1.Амир Смит (ТФТ) 16 37 2.31
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 16 26 1.53
3.Давид Хаутон (Пелистер) 19 20 1.05
4. Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 19 20 1.05
5. Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 20 21 10.05
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Кахим Рамсон (МЗТ Скопје Уни Банка) 19 657:59 34:37
2.Двејн Морган (Феникс 2010) 20 681:25 34:04
3.Андреј Митревски (Феникс 2010) 15 498:60 33:12
4.Горјан Марковски (Работнички) 20 654:30 32:43
5.Ејасу Ворку (Гостивар) 20 653:08 32:39
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Били Ајви (Навико Академија ФМП) 18 87.63%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 19 85.54%
3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 18 83.75%
4.Кахим Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 19 80.52%
5.Никола Малешевиќ (Пелистер) 20 78.57%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Игор Кесар (Пелистер) 18 69.43%
2.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 19 65.69%
3.Никола Малешевиќ (Пелистер) 20 64.96%
4.Милан Милков (Ангели) 10 63.08%
5.Амир Смит (ТФТ) 16 62.10%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Бобан Стајиќ (Пелистер) 15 53.70%
2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 20 50.00%
3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 20 46.74%
4.Александар Костоски (ТФТ) 19 43.75%
5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 19 43.75%
ШУТ – ВКУПНО
1.Игор Кесар (Пелистер) 18 59.91%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 19 56.25%
3.Ландриус Хортон (ТФТ) 19 54.53%
4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 20 54.08%
5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 19 52.02%