Кој ќе биде најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната?
Одговорот на ова прашање ќе го даде последното, 22.коло од првата фаза од шампионатот кое стартува овој викенд.
Кандидати има, се чини три. Особено ако се земе в предвид дека нивниот кошгетерски ефект е во „распон“ од 0.3 поени.
Лидер е Игор Кесар од Пелистер, кој е на просек од 19.58 поени по натпревар, пред Лендриус Хортон (ТФТ), кој има 19.42, додека третата позиција ја држи Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 19.26 поени. Зад нив е токму Кахем Рансом кој се „спушти“ на 18.95 поени по меч.
Затоа пак Амир Смит го подобри својот скокачки ефект. Силното крило на ТФТ сега има просечни 9.24 скока по натпревар со кои е на чекор пред Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) со 8.45 и Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој е на просек од 8.1 скока.
Смит ја зацврсти и својата лидерска позиција кај најдобрите блокери во лигата, сега со просек од 2.41 блокади, пред Младеновски (Пелистер) и Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром).
Без промени е и листата на најдобрите асистенти. Сеуште води Ејасу Ворку (Гостивар) со сосема солидни 7.55 додавања по натпревар, пред Александар Костоски (ТФТ) со 6.1 и Бобан Стајиќ (Пелистер) кој е на 5.81.
Рансом останува играч кој губи најмногу топки, по 3.4 на еден натпревар во просек, но и играч кој освојува најмногу топки, по 2.25.
Бекот на МЗТ Скопје Уни Банка има и најголема минутажа, во просек игра по 34:46 минути на меч, нешто повеќе во однос на двоецот од Феникс 2010, Двејн Морган, кој има 34:14 и Андреј Митревски со 33:12 просечни минути.
Били Ајви (Навико Академија ФМП) има најдобра реализација на слободните фрлања, погодува со 88.12% на успех, што е подобар ефект во однос на Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 86.21% и соиграчот Стефан Крстајиќ кој реализира со 82.93% на успешност.
Игор Кесар останува прв на листата на најдобри реализатори за два поени. Крилниот играч на Пелистер погодува со 69% на успех, неговиот тимски колега Никола Малешевиќ има 65.28%, а Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 64.08%.
Уште еден играч на лидерската екипа во првенството, Бобан Стајиќ е лидер на тројкашите. За три поени репрезентативниот бек погодува со 53.45%, до него е Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) со 51.35%.
Севкупно, Игор Кесар е најдобар реализатор од дистанца. Реализира со 59.32%, што е подобар резултат во однос на Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 55.38% и Лендриус Хортон (ТФТ) кој има 53.9%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Игор Кесар (Пелистер) 19 372 19.58
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 20 386 19.30
3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 19 366 19.26
4.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 20 379 18.95
5.Двејн Морган (Феникс 2010) 21 377 17.95
СКОКОВИ
1.Амир Смит (ТФТ) 17 157 9.24
2.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 11 93 8.45
3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 21 170 8.10
4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 19 150 7.89
5.Двејн Морган (Феникс 2010) 21 164 7.81
АСИСТЕНЦИИ
1.Ејасу Ворку (Гостивар) 20 151 7.5
2.Александар Костоски (ТФТ) 20 122 6.1
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 16 93 5.8
4.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 21 103 4.9
5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 20 90 4.5
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 20 68 3.4
2.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) 13 38 2.9
3.Били Ајви (Навико Академија ФМП) 19 54 2.8
4.Андреа Деолски (Ангели) 21 57 2.7
5.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 15 40 2.6
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 20 45 2.25
2.Амир Смит (ТФТ) 17 32 1.88
3.Били Ајви (Навико Академија ФМП) 19 32 1.68
4.Стефан Глигоријевиќ (Куманово 2009) 21 35 1.67
5.Тревон Бродвеј (Кожув) 18 30 1.67
БЛОКАДИ
1.Амир Смит (ТФТ) 17 41 2.41
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 16 26 1.53
3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 20 22 1.10
4.Давид Хаутон (Пелистер) 20 20 1.0
5.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 21 21 1.0
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Кахим Рамсон (МЗТ Скопје Уни Банка) 20 696:30 34:48
2.Двејн Морган (Феникс 2010) 21 719:10 34:14
3.Андреј Митревски (Феникс 2010) 15 498:60 33:12
4.Ејасу Ворку (Гостивар) 20 653:08 32:39
5.Лендриус Хортон (ТФТ) 20 646:30 32:19
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Били Ајви (Навико Академија ФМП) 19 88.12%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 20 86.21%
3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 19 82.93%
4.Игор Кесар (Пелистер) 19 79.07%
5.Никола Малешевиќ (Пелистер) 21 78.82%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Игор Кесар (Пелистер) 19 69.05%
2.Никола Малешевиќ (Пелистер) 21 65.28%
3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 20 64.08%
4.Милан Милков (Ангели) 11 63.89%
5.Амир Смит (ТФТ) 17 61.94%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Бобан Стајиќ (Пелистер) 16 53.45%
2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 21 51.35%
3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 21 45.26%
4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005) 19 43.75%
5.Александар Костоски (ТФТ) 20 43.08%
ШУТ – ВКУПНО
1.Игор Кесар (Пелистер) 19 59.32%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 20 55.38%
3.Ландриус Хортон (ТФТ) 20 53.90%
4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 21 53.20%
5.Никола Малешевиќ (Пелистер) 21 51.80%