12.04.2022

Овој викенд завршија возбудувањата во првиот дел од натпреварите во Првата лига-мажи.

СТАТИСТИКА ПО 22. ОДИГРАНО КОЛО ВО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кесар, Смит, Ворку – како лидери во првиот дел од сезоната

ФОТО: Игор Кесар (Пелистер) е прв стрелец во лигата, а Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) еден од најдобрите скокачи

Добар момент да се направи и еден статистички пресек, да се одредат најдобрите индивидуални постигнувања во шампионатот, кој веќе наредниот викенд продолжува во една поинаква форма.

Ќе биде поделен на два сегменти Суперлига и Плеј-аут лига.

ПОЕНИ

Игор Кесар, извесно најдобриот играч на Пелистер во оваа прва фаза од првенството, е најдобриот стрелец. Силното крило на лидерската екипа дојде до просек од 19.55 поени по напревар. На 20 одиграни натпревари постигна вкупно 391 поен, и  за нијанса е пред конкуренцијата која во оваа статистичка категорија ја чинат Лендриус Хортон од ТФт со 19.24, и Стефан Крстајиќ од навико Академија ФМп кој има просечни 19 поени по натпревар.  

СКОКОВИ

Го нарекуваат и „Господин дабл-дабл“, а всушност е најдобриот скокач во друштвото на најдобрите, барем по овие 22 одиграни кола.

Силното кеило на ТФТ на 18 средби оствари 167 скока, или во просек по 9.28 на еден натпревар. Доволно за да биде пред Самет Јигутоглу, кој одигра само 12. натпревари на кои оствари просек ов 8.5 скока.

Зад нив е уште еден играч од Аеродром, но од редовите на бранителот на титулата, Немања Милошевиќ. Силниот Црногорец е на просек од осум скока остварен низ сите 22. одиграни натпревари и 176 скока.

Со просечни 6.32 скока, Бојан Трајковски (Феникс 2010) има најмногу дефанзивни скокови, а Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) со 3.33 е прв во офанзивните скокови.

АСИСТЕНЦИИ

Иако предвреме (поради повреда) ја завршува сезоната, Ејасу Ворку (Гостивар) ќе остане лидер на асистентите, затоа што во оние 21.натпревар собра 151 асистенции, или просечни 7.19 по меч со кои го задржа водството пред Александар Костоски (ТФТ) кој го покачи просекот на 6.29 додавања, додека трет останува Бобан Стајиќ (Пелистер) со 5.59, реализирани во 17. одиграни средби.

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Кахем Рансом е предводник на вториот тим на МЗТ Скопје, но една од неговите карактеристики кои се истакаан низ првенството се бројто на загубени топки. На 21 средба загуби 70 топки, просечно по 3.33 на еден меч.


Зад неговиот скор е оној на Били Ајви (навико Академија ФМП), кој е на 2.8 и Ненад Зивчевиќ, кој пропушти доста натпревари (осум) но има 2.79 загубени топки.  

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Она што го загуби на едната, Рансом го добива на другата страна од теренот. Во текот на сезоната има 47. освоени топки – просек од 2.24 на натпревар, пред Амир Смит (ТФТ) кој има 1.83 и Тревин Бродвеј (Кожув) со 1.67.

БЛОКАДИ

Уште една категорија која е резервирана за Амир Смит. Најкорисниот играч на ТФТ е лидер на блокерите. На 18. средби реализираше 41. блокада, или во просек по 2.28 блокади по натпревар. Резултат доста подобар во однос на оној кој го има Љубомир Младеновски (Пелистер) – 1.53 и Робер Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој се проби на третото место со 1.29 блокади по меч.

МИНУТИ ВО ИГРА

Неизбежниот Кахем Рансом е прв и во оваа категорија. Помалку и за неверување, има 34:42 минути на оние 21. натпревар кои ги играше во досегашниот дел од сезоната. Неверојатно звучи дека одигра 729 минути, но уште поневеројатна бројка има Двејн Морган (Феникс 2010) кој има дури 758 минути, а овен тоа ги одигра сите 22.натпревари за дебитантската екипа во лигата. Сите 22 меча во првата фаза ги одигра и Горјан Марковски зад кого се 712 одиграни минути, или просек од 32:23 по натпревар.

ПРОЦЕНТИ НА УСПЕШНОСТ

Били Ајви (Навико Академија ФМП) е најдобриот реализатор од линијата за слободни фрлања. Погодува со 87.5% на успешност од таа позиција со кои е подобар од Александар Тодоровиќ (Гостивар) кој има 86.52% и соиграчот, Стефан Крстајиќ кој погодува со 81.82% од линијата на „пеналите“.

Во обидите за два поени водечки играч е повторно Игор Кесар. Силното крило на Пелистер реализира со 69.54% на успех, пред соиграчот од лидерската екипа, Никола Малешевиќ кој погодува со 66.04% и Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром), кој е трет со 64%.

За три поени најдобро шутира уште еден играч од екипата од Битола, Бобан Стајиќ, има респектабилни 53.33% од зад линијата 6.75 метри, а блиску до половичен ефект се и Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) кој има 49.37% и уште еден играч на тимот од Кавадарци, Џордан Калахан со 44.44%.

Игор Кесар севкупно има најдобра реализација од дистанца - 59.27%, зад неговиот е ефектот на Александар Тодоровиќ кој е на 54.92%, трет е Ландриус Хортон од ТФТ со 54.12%.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Игор Кесар (Пелистер)            20       391     19.55

2.Ландриус Хортон (ТФТ)          21       404     19.24

3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        20       380     19.00

4.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка)     21       393     18.71

5.Двејн Морган (Феникс 2010)           22       398     18.09

СКОКОВИ

1.Амир Смит (ТФТ)           18       167     9.28

2.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 12       102     8.50

3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)   22       176     8.00

4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      19       150     7.89

5.Двејн Морган (Феникс 2010)           22       172     7.82

ДЕФАНЗИВНИ СКОКОВИ

1.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     19       120     6.32

2.Амир Смит (ТФТ)           18       109     6.06

3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)   22       127     5.77

4.Двејн Морган (Феникс 2010)           22       127     5.77

5.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      19       106     5.58

ОФАНЗИВНИ СКОКОВИ

1.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 12       40       3.33

2.Амир Смит (ТФТ)           18       58       3.22

3.Амар Хот (Феникс 2010)         18       55       3.06

4.Валмир Какруки (Работнички)        22       58       2.64

5.Стефан Глигоријевиќ (Куманово 2009)    22       54       2.45

АСИСТЕНЦИИ

1.Ејасу Ворку (Гостивар) 21       151     7.19

2.Александар Костоски (ТФТ)  21       132     6.29

3.Бобан Стајиќ (Пелистер)        17       95       5.59

4.Марјан Младеновиќ (Пелистер)     22       106     4.82

5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка)     21       96       4.57  

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка)     21       70       3.33

2.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         20       56       2.80

3.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  14       39       2.79

4.Андреа Деолски (Ангели)      22       60       2.73

5.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005)        16       43       2.69

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка)     21       47       2.24

2.Амир Смит (ТФТ)           18       33       1.83

3.Тревон Бродвеј (Кожув)         18       30       1.67

4.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         20       33       1.67

5.Ејасу Ворку (Гостивар) 21       34       1.62

БЛОКАДИ

1.Амир Смит (ТФТ)           18       41       2.28  

2.Љубомир Младеновски (Пелистер)          17       26       1.53

3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)     21       27       1.29

4.Давид Хаутон (Пелистер)       20       20       1.0

5.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005)          22       21       0.95

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Кахим Рамсон (МЗТ Скопје Уни Банка)     21       729:00          34:42

2.Двејн Морган (Феникс 2010)           22       758:30          34:27

3.Андреј Митревски (Феникс 2010)  15       498:60          33:12

4.Горјан Марковски (Работнички)     22       712:46          32:23

5.Лендриус Хортон (ТФТ)          21       675:48          32:10

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Били Ајви (Навико Академија ФМП)         20       87.50%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 21       86.52%

3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП)        20       81.82%

4.Никола Малешевиќ (Пелистер)      22       81.05%

5.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 22       77.78%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Игор Кесар (Пелистер)            20       69.54%

2.Никола Малешевиќ (Пелистер)      22       66.04%

3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)     21       64.00%

4.Амир Смит (ТФТ)           18       62.68%

5.Ејасу Ворку (Гостивар) 21       61.96%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        17       53.33%

2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005)          22       49.37%

3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           22       44.44%

4.Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)      19       43.75%

5.Лука Стојановски (Навико Академија ФМП)      22       42.98%

ШУТ – ВКУПНО

1.Игор Кесар (Пелистер)            20       59.27%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 21       54.92%

3.Ландриус Хортон (ТФТ)          21       54.12%

4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)   22       53.37%

5.Никола Малешевиќ (Пелистер)      22       53.11%