Иако резултатски не им оди како што посакуваат во првите три кола, Кирил Николовски бележи одлични бројки како играч на Кожув.
Како одминуваат натпреварите, така некогашниот македонски репрезентативец оди кон горните позиции во оние главни статистички колони.
Новото добро издание во натпреварот против Навико Академија ФМП го постави на третото место на листата на најдобрите стрелци во лигата, со просек од нешто повеќе од 20.поени по натпревар, веднаш зад водечкиот двоец, Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 23.67 и Ландриус Хортон (ТФТ) кој е на 22.33 поени по меч.
Во овој момент, Николовски е и 4.скокач во првенството, со просечни 9.33 скока по натпревар. Првото место во ова категорија го презема Милош Мацура (Работнички) кој е на бројката од 13.33 скока, пред Хортон (ТФТ) со 11, и Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) со 9.5 скока.
Кирил Николовски е и трет на листата на играчи со најголем број на минути поминати во игра. На првите три средби во просек игра по 36:20 минути. Нешто помалку во однос на неговиот соиграч од Кожув, Чез Вилијамс кој има 37:38, како и Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 36:23 минути.
Важи и за еден од најдобрите тројкаши во лигата затоа што на трите досега одиграни натпревари погодува со 57.14% на успешност од линијата зад 6.75 метри.
Александар Костоски го задржа стонастотниот ефек од линијата за слободни фрлања. Новиот играч на ТФТ е без промашување во овие три мечеви од новата сезона. Го следи успешно Александар Тодоровиќ од Гостивар, со 93.75%, како и Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 84.21%.
Тодоровиќ е и најдобар реализатор од поле, со 76.92% на успешност во обидите за два поени, со кои води пред Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) и Игор Кесар (Пелистер) кои се на 76.19%.
На листата на најдобри реализатори во шутот за три поени, сега, број 1 е Џордан Калахан (Кожув), кој реализира со 64.29% од таа позиција, пред Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) со 62.5% (на два натпревари) и Андреј Настовски (Куманово 2009) со 58.33%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП) 3 71 23.67
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 3 67 22.33
3.Кирил Николовски (Кожув) 3 62 20.67
3.Џексон Емерсон (Работнички) 3 60 20.00
5.Исаја Мандерсон (Ангели) 3 57 19.00
СКОКОВИ
1.Милош Мацура (Работнички) 3 40 13.33
1.Ландриус Хортон (ТФТ) 3 33 11.00
3.Филип Бакоч (Навико ФМП А.) 2 19 9.5
4.Кирил Николовски (Кожув) 3 28 9.33
5.Славчо Темелковски (Навико ФМП А.) 2 18 9.00
АСИСТЕНЦИИ
1.Чез Вилијамс (Кожув) 3 20 6.67
2.Џексон Емерсон (Работнички) 3 19 6.33
3.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 3 18 6.00
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 3 17 5.67
5.Ахмад Кларк (Феникс 2010) 3 17 5.67
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Џонатан Дејвис (Еуро Никел 2005) 3 14 4.67
2.Недељко Кошанин (Навико ФМП А.) 3 13 4.33
3.Џон Васар (Ангели) 3 13 4.33
4.Дастин Вер (МЗТ Скопје А.) 3 13 4.33
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 3 11 3.67
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 2 7 3.5
2.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 3 10 3.33
3.Недељко Кошанин (Навико ФМП А.) 3 8 2.67
4.Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром) 3 8 2.67
5.Амир Смит (ТФТ) 2 5 2.50
БЛОКАДИ
1.Кардосо Марсело (МЗТ Скопје УБ) 2 4 2.0
2.Амир Смит (ТФТ) 2 4 2.0
3.Љубомир Младеновски (Пелистер) 3 5 1.67
4.Џонатан Холмс (Куманово 2009) 3 4 1.33
5.Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) 3 3 1.0
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Чез Вилијамс (Кожув) 3 112:55 37:38
2.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 3 109:9 36:23
3.Кирил Николовски (Кожув) 3 108:7 36:20
4.Андреј Митревски (Феникс 2010) 3 107:25 35:48
5.Двејн Морган (Феникс 2010) 3 105:20 35:60
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Александар Костоски (ТФТ) 3 100%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 3 93.75%
3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 3 84.21%
4.Андреј Митревски (Феникс 2010) 3 82.35%
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 3 80.00%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 3 76.92%
2.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 3 76.19%
3.Игор Кесар (Пелистер) 2 76.19%
4.Максим Митевски (МЗТ Скопје УБ) 3 72.22%
5.Ејасу Ворку (Гостивар) 3 71.43%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 3 64.29%
2.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) 2 62.5%
3.Андреј Настовски (Куманово 2009) 3 58.33%
4.Кирил Николовски (Кожув) 3 57.14%
5.Травон Бродвеј (ТФТ) 3 50.0%
ШУТ – ВКУПНО
1.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 3 67.86%
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 3 61.90%
3.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 3 60.61%
4.Игор Кесар (Пелистер) 2 59.26%
5.Павел Данаиловски (Работнички) 3 55.56%