29.04.2022

Падна просекот на Андрија Марјановиќ, но неговите поентерски бројки се сè уште најдобри во вториот круг од натпреварите во Првата лига.

СТАТИСТИКА ПО 3. ОДИГРАНО КОЛО ВО СУПЕРЛИГА/ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Дион Едвин најмногу додава, и освојува најмногу топки

Новакот во редовите на Куманово 2009 држи висок просек од 27.33 поени, но сега доста поблиску до него се Стефан Балмазовиќ (Работнички) со 24.33, но и Филип Бакоч (Навико Академија ФМ), односно неговиот соиграч од Куманово 2009, Ненад Зивчевиќ кои се на 20.67 поени на првите три натпревари од Плеј-аут конкуренцијата.

Бојан Трајковски ја презема контролата во оние скокачки активности. Со 17. скока против МЗТ Скопје Аеродром, стигна до бројката од 40, исто колку и Душан Јузбашиќ од Куманово 2009, за просек од 13.33 по натпревар.

На овие први натпревари од Плеј-аутот, Дион Едвин како повеќе да се посвети на оние додавачки активности во Работнички. На двата меча кои ги одигра во втората фаза, Американецот собра 21. асистенција, за просечни 10.5 по меч, со кои е далеку понапред во однос на Александар Костоски (ТФТ), кој има 6.67, и Недељко Кошанин од Навико Академија ФМП кој има просек – шест.

Кошанин е и играчот кој губи најмногу топки на почетокот на втората фаза од првенството. Во просек по пет, нешто повеќе во однос на Бојан Трајковски (Феникс 2010) и Душан Јузбашиќ (Куманово 2009), кои имаат по 4.33.

Освен што е најдобар асистент, Дион Едвин е кошаркарот со најголем број на освоени топки, има по 3.5 на натпревар, зад него е Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) со три.

Намди Оконкво игра стандардно добро во дресот на Кожув, видливо и во категоријата блокади, каде е лидер со девет, реализирани во три натпревари.

А Бојан Трајковски убедливо е прв на листата на играчи со најголема минутажа. Иако најискусен во составот на Феникс 2010, тоа не му смета да игра по 37:57 минути на првите три средби од Суперлигата.

Бобан Стајиќ (Пелистер) е најобриот реализатор на слободни фрлања со просек од 83.33%, пред Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) кој реализира со 81.48% и Деон Едвин (Работнички), Тач Унрух (Кожув) и Никола Силаџи (Гостивар), кои погодуваат со 75%.

Обрад Томиќ од Еуро Никел 2005 го презема првото место на реализатори во обидите вредни по два поени. Има 77.78% на успешност, исто како и Илија Колев од Кожув, додека Оконкво засега е на 73.08% на реализација.

Дарко Соколов од Еуро Никел 2005 е новиот статистички лидер во процентот на реализација за три. Искусниот бек погодува со високи 66.67%, што е подобар ефект во однос на Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) со 57.14% и Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) со 56.25%.

Крилото на Работнички, Валмир Какруки пак, севкупно гладано, има најдобра реализација од поле. Комбинирано погодува со 66.67% во обидите за два односно за три поени. До неговиот е ефектот на Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка) кој изнесува 57.14%, и Филип Бакоч (Навико Академија ФМП со 55 %.

 ТОП 5

ПОЕНИ

1.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     3          82       27.33

2.Стефан Балмазовиќ (Работнички)  3          73       24.33

3.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)   3          62       20.67

4.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  3          62       20.67

5.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     3          57       19.00

СКОКОВИ

1.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     3          40       13.33

2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 3          40       13.33

3.Намди Оконкво (Кожув)        2          22       10.0

4.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП) 3          31       10.33

5.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005)    3          26       8.67

АСИСТЕНЦИИ

1.Деон Едвин (Работнички)      2          21       10.5

2.Александар Костоски (ТФТ)  3          20       6.67

3.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП)   2          13       6.5

4.Горан Главчев (Кожув)           3          17       5.67

5.Грифин Раме (Ангели) 3          17       5.67

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП)   3          15       5.0

2.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     3          13       4.33

3.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 3          13       4.33

4.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка)        3          12       4.0     

5.Деон Едвин (Работнички)      2          8          4.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Деон Едвин (Работнички)      2          7          3.5

2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 3          9          3.0

3.Бобан Стајиќ (Пелистер)        3          8          2.67

4.Били Ајви (МЗТ Скопје Аеродром) 3          8          2.67

5.Карло Блажевски (МЗТ Скопје Уни Банка)          3          7          2.33

БЛОКАДИ

1.Намди Оконкво (Кожув)        3          9          3.0

2.Љубомир Младеновски (Пелистер)          3          3          1.0

3.Игор Кесар (Пелистер)            3          3          1.0

4.Валмир Какруки (Работнички)        3          3          1.0     

5.Амир Смит (ТФТ)           3          3          1.0

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Бојан Трајковски (Феникс 2010)     3          113:52          37:57

2.Горан Главчев (Кожув)           3          111:31          37:10

3.Стефан Балмазовиќ (Работнички)  3          111:08          37:02

4.Кахем Рансом (Гостивар)       3          108:25          36:08

5.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     3          107:35          35:51

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        3          83.33%

2.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     3          81.48%

3.Деон Едвин (Работнички)      2          75.0%

4.Тач Унрух (Кожув)        3          75.00%

5.Никола Силаџи (Гостивар)    3          75.00%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005)    3          77.78%

2.Илија Колев (Кожув)    3          77.78%

3.Намди Оконкво (Кожув)        3          73.08%

4.Тач Унрух (Кожув)        3          70.00%

5.Валмир Какруки (Работнички)        3          66.67%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 3          66.67%

2.Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)        2          57.14%

3.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)   3          56.25%

4.Игор Кесар (Пелистер)            3          50.00%

5.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005)        3          50.00%

ШУТ ОД ИГРА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Валмир Какруки (Работнички)        3          66.67%

2.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка)        3          57.14%

3.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)   3          55.0%

4.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)  3          54.55%

5.Никола Силаџи (Гостивар)    3          53.57%