Новакот во тимот на Навико Академија ФМП одигра одличен натпревар против екипата на Еуро Никел 2005. Доволно да ја преземе првата позиција во категоријата на најдобри стрелци. Макар и со само два одиграни натпревари, со вкупно 45 поени, има просечни 22.5 поени со кои го надмина ефектот на Ландриус Хортон (ТФТ) кој има 21.5, и доскорешниот лидер неговиот соиграч, Стефан Крстајиќ, и Кирил Николовски (Кожув) кои имаат по 21.поен.
Иако беше под скокачкото ниво на гостувањето во Гостивар, Милош Мацура (Работнички) остана на првата позиција кај скокачите со просечни 11. скока. Зад него се постави Аула Сумбри (Ангели) со 10.5 и Двејн Морган (Феникс 2010) со 10.25 скока.
Промена има и на листата на најдобрите додавачи. На првото место се проби се подобриот Ејасу Ворку. Бекот на Гостивар е на просечни 6.25 асистенвии, пред Чез Вилијамс (Кожув) и Александар Костоски (ТФТ) кои во просек имаат по шест асистенции.
Џонатан Дејвис (Еуро Никел 2005) е играчо со најмногу загубени топки, по 4.25, а Робер Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 2.67 освоени топки е најдобриот „крадливец“ во првите четири кола од Првата лига.
Амир Смит од ТФТ е лидер кај блокерите со две блокади по натпревар, а Андреј Митревски го презема приматот на играч со најголема минутажа во лигата.
Младиот бек на Феникс 2010 во просек игра по 37.5 минути на еден натпревар, малку повеќе од Чез Вилијанс (Кожув) со 37.3 и неговиот соиграч Двејн Морган, кој во просек игра по 36.2 минути.
Процентуално сметано, Александар Тодоровиќ (Гостивар) е најдобриот реализатор на слободни фрлања. Го прави тоа центарот на гостиварци со 94.12% на успешност, доста подобро во однос на Исаја Мандерсон (Ангели) кој има 84.21%, и Бобан Стајиќ од Пелистер кој е успешен со 83.3% од таа позиција.
Од онаа чии точни обиди вредат по два поени, најдобро шутира Бре Ајви. Новакот во Навико Академија ФМП погодува со 84.6% од тие позиции, Амар Хот од Феникс 2010 има исто така респектабилни 80%, додека Тодоровиќ (Гостивар) е тука некаде, со 76.47%.
Во шутот за три поени води Џордан Калахан. Бекот на Еуро Никел 2005 има одлични 63.64% на ефикасност од зад линијата од 6.75 метри, пред Бре Ајви (Навико Академија ФМП) и Кирил Николовски (Кожув) кои се на 54.55% на успешност.
Севкупно, во шутот од поле, доминира Бре Ајви (Навико Академија ФМП) кој реализира со 70.83%, зад него се Лендриус Хортон (ТФТ) со 62.96% и Ѓорѓе Каплановиќ (Куманово 2009) кој има 61.11%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Бре Ајви (Навико Академија ФМП) 2 45 22.5
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 4 86 21.5
3.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП) 4 84 21.0
4.Кирил Николовски (Кожув) 4 84 21.0
5.Ејасу Ворку (Гостивар) 4 74 18.5
СКОКОВИ
1.Милош Мацура (Работнички) 4 44 11.0
2.Аула Сумбри (Ангели) 4 42 10.5
3.Двејн Морган (Феникс 2010) 4 41 10.25
4.Ландриус Хортон (ТФТ) 4 38 9.5
5.Бојан Трајковски (Пелистер) 4 36 9.0
АСИСТЕНЦИИ
1.Ејасу Ворку (Гостивар) 4 25 6.25
2.Чез Вилијамс (Кожув) 4 24 6.00
3.Александар Костоски (ТФТ) 4 24 6.00
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 4 23 5.75
5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 4 21 5.25
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Џонатан Дејвис (Еуро Никел 2005) 4 17 4.25
2.Џон Васар (Ангели) 4 16 4.00
3.Дастин Вер (МЗТ Скопје А.) 4 16 4.00
4.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 4 14 3.50
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 4 14 3.50
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 3 8 2.67
2.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 4 10 2.50
3.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 4 10 2.50
4.Амир Смит (ТФТ) 2 5 2.50
5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 4 9 2.25
БЛОКАДИ
1.Амир Смит (ТФТ) 2 4 2.0
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 4 6 1.50
3.Аула Сумбри (Ангели) 4 6 1.50
4.Кардосо Марсело (МЗТ Скопје УБ) 3 4 1.33
5.Џонатан Холмс (Куманово 2009) 4 5 1.25
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Андреј Митревски (Феникс 2010) 4 151:21 37:50
2.Чез Вилијамс (Кожув) 4 150:20 37:30
3.Двејн Морган (Феникс 2010) 4 145:31 36:22
4.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 4 140:44 35:11
5.Кирил Николовски (Кожув) 4 140:37 35:09
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 4 94.12%
2.Исаја Мандерсон (Ангели) 4 84.21%
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 4 83.33%
4.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 4 82.61%
5.Милош Мацура (Работнички) 4 82.61%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Бре Ајви (Навико Академија ФМП) 2 84.62%
2.Амар Хот (Феникс 2010) 4 80%
3.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 4 76.47%
4.Игор Кесар (Пелистер) 3 70.91%
5.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 4 70.37%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 4 63.64%
2.Бре Ајви (Навико Академија ФМП) 2 54.55%
3.Кирил Николовски (Кожув) 4 54.55%
4.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) 3 53.85%
5.Андреј Настовски (Куманово 2009) 4 50.00%
ШУТ – ВКУПНО
1.Бре Ајви (Навико Академија ФМП) 2 70.83%
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 4 62.96%
3.Ѓорѓе Каплановиќ (Куманово 2009) 2 61.11%
4.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 4 59.09%
5.Игор Кесар (Пелистер) 3 57.50%