Макар што играат во нешто „полесно натпреварување“ како што е на пример, Плеј-аут лигата, тоа не му посмета на кошаркарот на Кожув, Тач Унрух да стигне до некои рекордни остварувања во сезоната.
На пример да реализира 50. индексни поени, до кои дојде со 45 постигнати поени на гостувањето кај Навико Академија ФМП.
Тоа му даде можност за напредок на листата на најдобрите стрелци, каде е на втората позиција, со просек од 23.5 поени.
Води Андрија Марјановиќ од Кумаово 2009 кој во просек реализира по 26.поени. Напредуваше и Грифин Раме од екипата на Ангели кој има просек од 20.25 поени, помеѓу нив е Стефан Балмазовиќ (Работнички) кој има 22.поени.
Бојан Трајковски не играше на последниот натпревар со неговиот Феникс 2010, па неговиот висок просек од 13.33 скока останува како најдобар. Во конкуренција за таа позиција се Намди Оконкво (Кожув) со 11.67, односно Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) кој има просек од 11.5 скока по натпревар.
Големо поместување на листата на најдобри асистенти направи Деон Едвин. Одличниот бек на Работнички стигна до помалку неверојатни 11.33 асистенции со кои е далеку напред во однос на Александар Костоски (ТФТ) со 6.5.
Освен тоа, одличниот Американец е и најдобар во категоријата на играчи со најголем број на освоени топки. Има во просек по четири, со кои е далеку понапред во однос на просекот на Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) и Били Ајви (МЗТ Скопје Аеродром) кои имаат по 2.75.
Промена на „лидерското место“ има и кај играчите со најголем број на загубени топки. Прв е младиот играч на Феникс 2010, Марин Петков со 4.75 потрошени топки, нешто повеќе во однос на неговиот тимски соиграч, Бојан Трајковски (4.33) и Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) со 4.25 коку што има и Душан Јузбашиќ од Куманово 2009.
Намди Оконкво останува прв блокер со три блокади по меч, а Бојан Трајковски играч со најголема минутажа во двете групи на натпреварување. Во просек игра по 37:57 минути, а над таа бројка од 37.минути се уште и Стефан Балмазовиќ (Работнички) и Горан Главчев (Кожув).
Процентуално, Деон Едвин е најдобриот реализатор на слободни фрлања. Погодува со 85.71% на успешност, додека пак најдобар од позицијата вредна по два поени е Намди Оконкво (Кожув) со 73.08%.
Промена има во категоријата на најдобри реализатори за три поени. Џексон Дубински од Еуро Никел 2005 сега е прв со високи 57.14%, пред Игор Кесар (Пелистер) кој погодува со 54.55% и Филип Бакоч од Навико Академија ФМП со 52.38%.
Севкупно гледнао, Валмир Какруки има најдобра реализација од дистанца. Крилото на Работнички погодува со 70.27%, пред се подобриот Тач Унрух (Кожув) кој е на 57/14% и Максим Митевски од МЗТ Скопје Уни Банка со 55.36%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 4 104 26.00
2.Тач Унрух (Кожув) 4 94 23.5
3.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 4 88 22.00
4.Грифин Раме (Ангели) 4 81 20.25
5.Игор Кесар (Пелистер) 4 79 19.75
СКОКОВИ
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 40 13.33
2.Намди Оконкво (Кожув) 3 35 11.67
3.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 4 46 11.50
4.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП) 4 40 10.00
5.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) 4 35 8.75
АСИСТЕНЦИИ
1.Деон Едвин (Работнички) 3 34 11.33
2.Александар Костоски (ТФТ) 4 26 6.50
3.Грифин Раме (Ангели) 4 23 5.75
4.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 4 22 5.50
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 4 21 5.25
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Марин Петков (Феникс 2010) 4 19 4.75
2.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 13 4.33
3.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 4 17 4.25
4.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 4 17 4.25
5.Стефан Крстајиќ (Пелистер) 3 12 4.0
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Деон Едвин (Работнички) 3 12 4.0
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 4 11 2.75
3.Били Ајви (МЗТ Скопје Аеродром) 4 11 2.75
4.Мајкл Набузор (ТФТ) 2 5 2.50
5.Двејн Морган (Феникс 2010) 4 9 2.25
БЛОКАДИ
1.Намди Оконкво (Кожув) 3 9 3.0
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 4 5 1.25
3.Игор Кесар (Пелистер) 4 4 1.0
4. Стојан Ѓуроски (Пелистер) 4 4 1.0
5.Валмир Какруки (Работнички) 4 4 1.0
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 113:52 37:57
2.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 3 149:15 37:18
3.Горан Главчев (Кожув) 4 149:8 37:17
4.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 4 144:47 36:11
5.Виктор Ефремовски (Гостивар) 4 138:36 34:39
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Деон Едвин (Работнички) 3 85.71%
2.Тач Унрух (Кожув) 4 85.71%
3.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 4 84.38%
4.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка) 4 81.25%
5.Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) 3 75.00%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Намди Оконкво (Кожув) 3 73.08%
2.Валмир Какруки (Работнички) 4 70.27%
3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 4 68.00%
4.Тач Унрух (Кожув) 4 64.52%
5.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 4 60.71%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 4 57.14%
2.Игор Кесар (Пелистер) 4 54.55%
3.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) 4 52.38%
4.Павле Михајлоски (Феникс 2010) 4 50.00%
2.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 4 50.00%
ШУТ ОД ИГРА (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Валмир Какруки (Работнички) 4 70.27%
2.Тач Унрух (Кожув) 4 57.14%
3.Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) 3 55.26%
4.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 4 54.05%
5.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) 4 53.70%