Малку време, подобро кажано, само едно првенствено коло Стефан Крстајиќ не беше на првото место на листата на најдобрите стрелци во нашата Прва лига.
На гостувањето во Куманово, бекот на Навико Академија ФМП реализираше 31.поен, многу повеќе од неговиот соиграч Бре Ајви, и на тој начин повторно застана на првото место на листата со просечни 23.поени по натпревар, пред Ландриус Хортон (ТФТ) со 21.6 и Кирил Николовски (Кожув), кој има 20.6 поени.
Промена има и во оној скокачки дел, во кој сега скокач број 1 во лигата е Аула Сумбри од Ангели со просечни 9.4 скока, колку што има и Милош Мацура (Работнички), а веднаш зад нив е Двејн Морган од Феникс 2010 со 9.2 скока.
Чез Вилијамс имаше одлично издание во првиот триумф на Кожув во новата сезона. Против Феникс 2010 реализираше дури 12 додавања по кои сега има 36, или просечни 7.2 по натпревар. Веднаш до него е најкорисниот играч на ова коло, Џексон Пол од Работнички, кој пак против ТФТ оствари 15. успешни додавања, па сега има просек од седум по меч.
Една друга исто така доста интересна ситуација вели дека Роберт Рикиќ е прв на листата на играчи со најголем број на загубени, но и на освоени топки. Во просек, центарот на МЗТ Скопје Аеродром губи по четири топки, а освојува по 2.5 на еден натпревар.
И тоа не е се, затоа што Рикиќ изби и на првото место на листата на најдобрите блокери, со просечни 1.5 блокади по меч.
Чез Вилијамс пак е прв на онаа која ги мери минутите поминати на терен. Има неверојатни 37:59 минути во просек, нешто поголем од двоецот на Феникс 2010, Двејн Морган и Андреј Митревски.
Процентуално гледано, Александар Тодоровиќ од Гостивар е најдобриот „пеналџија“ во лигата со 90.48% успешност во реализацијата од линијата за слободни фрлања, пред Исаја Мандерсон (Ангели) со 88% и Бобан Стајиќ (Пелистер) и Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 85% на успешност.
Тодоровиќ има и најдобар процент на реализација за два поени (77.5%), пред Амар Хот (Феникс 2010) со 77.42%, и Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) кој е на 70.37%.
Бекот на Еуро Никел 2005, Џордан Калахан е најдобар реализатор во обидите вредни по три поени, со просек од 62.07%. Кирил Николовски (Кожув) има 55.56% а бранислав Ѓекиќ (Куманпво 2009 е на 53.33%.
И севкупно во шутот од дистанца води Александар Тодоровиќ. Силното крипо на Гостивар има просечни 61.54% на реализација, доста повеќе во однос на Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 58.82% и Ландриус Хортон (ТФТ) со 58.57%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 5 115 23.0
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 5 108 21.6
3.Кирил Николовски (Кожув) 5 103 20.6
4. Исаја Мандерсон (Ангели) 5 94 18.8
5.Џексон Пол (Работнички) 5 93 18.6
СКОКОВИ
1.Аула Сумбри (Ангели) 5 47 9.4
2.Милош Мацура (Работнички) 5 47 9.4
3.Двејн Морган (Феникс 2010) 5 46 9.2
4.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 4 34 8.5
5.Ландриус Хортон (ТФТ) 5 42 8.4
АСИСТЕНЦИИ
1.Чез Вилијамс (Кожув) 5 36 7.2
2.Џексон Пол (Работнички) 5 35 7.0
3.Ејасу Ворку (Гостивар) 5 34 6.8
4.Александар Костоски (ТФТ) 5 32 6.4
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 5 31 6.2
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 4 16 4.0
2.Џонатан Дејвис (Еуро Никел 2005) 5 19 3.8
3.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 5 18 3.6
4.Џексон Пол (Работнички) 5 17 3.4
5.Џон Васар (Ангели) 5 17 3.4
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 4 10 2.5
2.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 5 12 2.4
3.Дамјан Робев (МЗТ Скопје А) 4 9 2.25
4.Недељко Кошанин (Н.Академија ФМП) 5 11 2.2
5.Стефан Крстајиќ (Н.Академија ФМП) 5 10 2.0
БЛОКАДИ
1.Роберт Рикиќ (Работнички) 4 6 1.5
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 5 7 1.4
3.Михаил Наумоски (МЗТ Скопје УБ) 5 6 1.2
4.Аула Сумбри (Ангели) 5 6 1.2
5.Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје УБ) 5 5 1.0
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Чез Вилијамс (Кожув) 4 150:20 37:30
2.Двејн Морган (Феникс 2010) 5 184:51 36:58
3.Андреј Митревски (Феникс 2010) 5 184:00 36:48
4.Кирил Николовски (Кожув) 4 179:40 35:56
5.Стефан Крстајиќ (Н.Академија ФМП) 5 173:54 34:46
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 5 90.48%
2.Исаја Мандерсон (Ангели) 5 88.00%
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 5 85.00%
4.Стефан Крстајиќ (Н.Академија ФМП) 5 85.00%
5.Милош Мацура (Работнички) 5 83.87%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 5 77.50%
2.Амар Хот (Феникс 2010) 5 77.42%
3.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 4 70.37%
4.Игор Кесар (Пелистер) 4 69.23%
5.Страхил Николов (ТФТ) 3 66.67%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 5 62.07%
2.Кирил Николовски (Кожув) 5 55.56%
3.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 5 53.33%
4.Чез Вилијамс (Кожув) 5 50.00%
5.Џон Васар (Ангели) 5 47.83%
ШУТ – ВКУПНО
1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 5 61.54%
2.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) 5 58.82%
3.Ландриус Хортон (ТФТ) 5 58.57%
4.Бре Aјви (Н. Академија ФМП) 3 57.14%
5.Максим Митевски (МЗТ Скопје УБ) 5 53.70%