Повеќе од половина одиграни натпревари во Суперлигата се зад нас. Поминаа шест кола во кои сега имаме ситуација која вели дека дури четворица кошаркари се со просек повисок од 20.поени по натпревар.
Сеуште во водство во оваа статистичка категорија е Андрија Марјановиќ од Куманово 2009 кој е на просек од 26.4 поени. Зад него е „снајперот“ од Кожув, Тач Унрух со (23.4), следува Стефан Балмазовиќ од Работнички со 23, додека пак искусниот организатор на играта на Ангели сега е на 21.4 поени во просек.
Бојан Трајковски ги пропушти последните два натпревари за Феникс 2010, согласно со тоа го сочува својот просек од 13.3 скока по натпревар, сега пред Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) кој има 11.8, и Намди Оконкво (Кожув) кој сега е трет со 11.2 скока по меч.
Трајковски е и играч со најголем број на загубени топки. Има по 4.33 на еден меч во просек (одигра само три во Суперлигата досега), и сеуште играч со најголема минутажа. Игра во просек по 37:57 минути на еден меч.
Деон Едвин ја зголеми предноста на листата на најдобрите додавачи во втората фаза од првенството. Сега е на просек од 10.5 асистенции, пред Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) со 7, и Александар Костоски (ТФТ) кој има 6.17.
Бекот на Работнички има и најголем број на освоени топки, во просек „краде“ по 3.25, зад него се Јузбашиќ (Куманово 2009) со 2.2, и Били Ајви (МЗТ Скопје Аеродром) со 2.17.
Намди Оконкво (Кожув) доби сериозна конкуренција во Љубомир Младеновски на листата на најдобрите блокери во лигата. Центарот на Пелистер реализира шест против Феникс 2010, па сега има просечни две „банани“ по натпревар, „половина“ помалку во однос на Оконкво кој има 2.5.
Во оној процентен сегмент од статистиката, Тачу Унрух (Кожув) е најдобриот изведувач на слободн фрлања, има високи 88.46% пред Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром со 88% и Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) со 86.11%.
Рикиќ има најдобри проценти во шутот за два поени, до таа позиција центарот на МЗТ Скопје Аеродром погодува со 72.98%, пред Амир Смит (ТФТ) со 68.29% и Валмир Какруки кој се симна на третото место со 68.18%.
Игор Кесар (Пелистер) и Виктор Исајлоски (МЗТ Скопје Уни Банка) имаат најдобра реализација во шутот за три поени. Погодуваат со 52% на успех, зад нив е „трилингот“ Филип Бакоч (Навико Академија ФМП), Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) и Стефан Балмазовиќ (Работнички) кои имаат половични и сосема добри 50%.
Севкупно, во шутот од поле, води Намди Оконкво (Кожув) со 66.67% на успех, пред тимскиот колега Тач Унрух со 56.34% и Леонид Тодоровски од Навико Академија ФМП кој има 55.07%
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 5 132 26.4
2.Тач Унрух (Кожув) 5 117 23.3
3.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 5 88 22.0
4.Грифин Раме (Ангели) 5 107 21.4
5.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 99 19.8
СКОКОВИ
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 40 13.3
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 59 11.8
3.Намди Оконкво (Кожув) 4 45 11.2
4.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП)5 49 9.8
5.Љубомир Младеновски (Пелистер) 6 51 8.5
АСИСТЕНЦИИ
1.Деон Едвин (Работнички) 4 42 10.5
2.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 5 35 7.0
3.Александар Костоски (ТФТ) 6 37 6.1
4.Кахем Рансом (Гостивар) 6 33 5.5
3.Грифин Раме (Ангели) 5 26 5.2
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 13 4.33
2. Деон Едвин (Работнички) 4 17 4.25
3.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 5 21 4.2
4.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 19 3.8
5.Марин Петков (Феникс 2010) 6 21 3.5
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Деон Едвин (Работнички) 4 13 3.2
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 11 2.2
3.Били Ајви (МЗТ Скопје Аеродром) 6 13 2.17
4.Ивица Димчевски (Еуро Никел 2005) 6 13 2.17
5.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 5 10 2.0
БЛОКАДИ
1.Намди Оконкво (Кожув) 4 10 2.5
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 6 12 2.0
3.Амир Смит (ТФТ) 5 6 1.2
4.Игор Кесар (Пелистер) 6 5 0.83
5. Стојан Ѓуроски (Пелистер) 6 5 0.83
5.Валмир Какруки (Работнички) 4 4 1.0
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Бојан Трајковски (Феникс 2010) 3 113:52 37:57
2.Горан Главчев (Кожув) 5 187:24 37:28
3.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 5 186:53 37:22
4.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 5 177:41 35:32
5.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП) 5 171:32 34:18
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Тач Унрух (Кожув) 4 85.71%
2.Роберт Рикиќ (Еуро Никле 2005) 6 88.00%
3.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 5 86.11%
4.Деон Едвин (Работнички) 4 85.00%
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 6 79.11%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 6 72.19%
2.Амир Смит (ТФТ) 5 68.29%
3.Валмир Какруки (Работнички) 5 68.18%
4.Намди Оконкво (Кожув) 4 66.67%
5.Тач Унрух (Кожув) 5 65.00%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Игор Кесар (Пелистер) 6 52.00%
2.Виктор Исајловски (МЗТ Скопје Уни банка) 5 52%
3.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) 5 50.00%
4.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 6 50.0%
5. Стефн Балмазовиќ (Работнички) 5 50%
ШУТ ОД ИГРА (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1. Намди Оконкво (Кожув) 4 66.67%
2.Тач Унрух (Кожув) 4 57.14%
3.Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) 5 55.07%
4.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 5 54.79%
5.Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) 4 54.55%