17.11.2021

Обрад Томиќ и Кирил Николовски се нови скокачки лидери, а Чез Вилијамс останува најдобар асистент во лигата...

СТАТИСТИКА ПО 7. ОДИГРАНО КОЛО ВО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Една „петорка“ со дваесет и повеќе поени во просек

ФОТО: Бобан Стајиќ од Пелистер, е најдобриот реализатор во обидите за три поени

По седмото одиграно коло уште поизедначена станува трката за најдобар стрелец во нашата елитна лига. Дури цела една „петорка“ е во најтесна конкуренција. Имаме пет играчи кои во досегашниот дел од сезоната кои во просек имаат реализирано дваесет и повеќе поени.

Актуелен лидер останува Стефан Крстајиќ од Навико Академија ФМП, со просек од 21.57 поени, пред Ландриус Хортон кој остана на 21 (не играше во ова коло). Веднаш зад нив се Кирил Николовски (Кожув) со 20.71, Пол Џексон (Работнички) кој е на 20.29, како и уште еден играч на гевгелиски Кожув, Чез Вилијамс кој има идентичен поентерски просек.

Кошаркарот на Еуро Никел 2005, Обрад Томиќ сега е прв скокач во шампионатот, со просечни девет скока по натпревар, колку што има и Кирил Николовски од Кожув.

Чез Вилијамс ја чува првата позиција кај асистентите, сега со уште повисоки 7.57 додавања пред Ејасу Ворку (Гостивар) со 6.86 и Александар Костоски (ТФТ) односно Џексон Пол кои имаат просечни 6.14 асистенции на меч.

Џонатан Дејвис (Еуро Никел 2005) е играчот со најмногу загубени топки (просек од 3.8 по натпревар), додека пак Марјан Младеновиќ (Пелистер) „краде“ најмногу топки, по 2.29 по меч.

Најголем број на минути има Чез Вилијамс од Кожув кој во просек игра по неверојатни 38:32 минути по меч, пред двоецот од Феникс 2010, Двејн Морган со 36:80 и Андреј Митревски со 36:30 минути.

Процентуално гледано, Александар Тодоровиќ (Гостивар) е играч со најдобра реализација од линијата за слободни фрлања со 93.55% на успешност.

Амар Хот (Феникс 2010) го презема првото место на листата на најдобри реализатори за два поени, со 78.26%, додека пак Бобан Стајиќ го направи истото , но на листата на играчи со највисок процент на реализација за три поени – 59.05%

Бре Ајви од Навико Академија ФМП е пак со најдобар просек во шутот од дистанца, погодува со 60.42% на успех од надворешните позиции.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП)       7          151     21.57

2.Ландриус Хортон (ТФТ)          6          126     21.00

2.Кирил Николовски (Кожув)  7          145     20.71

4.Пол Џексон (Работнички)      7          142     20.29

4.Чез Вилијамс (Кожув) 6          142     20.29

СКОКОВИ

1.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005)    7          63       9.0

2.Кирил Николовски (Кожув)  7          63       9.0

3.Двејн Морган (Феникс 2010)           7          62       8.8

4.Недим Мустафица (Работнички)    7          61       8.7

5.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         7          61       8.7

АСИСТЕНЦИИ

1.Чез Вилијамс (Кожув) 7          53       7.57

2.Ејасу Ворку (Гостивар) 7          48       6.86

3.Александар Костоски (ТФТ)  7          43       6.14

4.Џексон Пол (Работнички)      7          43       6.14

5.Бобан Стајиќ (Пелистер)        7          39       5.57

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Џонатан Дејвис (Еуро Никел 2005) 5          19       3.8

2.Чез Вилијамс (Кожув) 7          26       3.71

3.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ)        6          21       3.5

4.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 7          24       3.43

5.Џон Васар (Ангели)      7          24       3.43

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Марјан Младеновиќ (Пелистер)     7          16       2.29

2.Бре Ајви (Н.Академија ФМП)           5          11       2.2

3.Стефан Крстајиќ (Н. Академија ФМП)       7          15       2.14

4.Чез Вилијамс (Кожув) 7          14       2.0

5.Недељко Кошанин (Н.Академија ФМП)  7          13       1.86

БЛОКАДИ

1.Љубомир Младеновски (Пелистер)          7          11       1.57

2.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје А)            6          8          1.33

3.Аула Сумбри (Ангели) 6          8          1.33

4.Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје УБ)        7          9          1.29

5.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005)    7          7          1.0

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Чез Вилијамс (Кожув) 7          269:50          38:32

2.Двејн Морган (Феникс 2010)           7          253:2 36:80

3.Андреј Митревски (Феникс 2010)  7          252:25          36:30

4.Кирил Николовски (Кожув)  7          251:14          35:53

5.Исаја Мандерсон (Ангели)    7          238:10          34:10

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 7          93.55%

2.Исаја Мандерсон (Ангели)    7          86.49%

3.Стефан Крстајиќ (Н. Академија ФМП)       7          84.78%

4.Џозеф Кејлеб (Куманово 2009)       7          81.82%

5.Андреј Митревски (Феникс 2010)  7          75.00%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Амар Хот (Феникс 2010)         7          78.26%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 7          76.92%

3.Ејасу Ворку (Гостивар) 7          71.43%

4.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 4          70.37%

5.Игор Кесар (Пелистер)            6          68.97%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Бобан Стајиќ (Пелистер)        7          59.09%

2.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)           7          58.33%

3.Виктор Исајловски (МЗТ Скопје УБ)           4          53.33%

4.Кирил Николовски (Кожув)  7          51.43%

5.Александар Костоски (ТФТ)  7          47.92%

ШУТ – ВКУПНО

1.Бре Ајви (Н. Академија ФМП)          5          60.42%

2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 7          60.27%

3.Ландриус Хортон (ТФТ)          6          59.49%

4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А)         7          59.42%

5.Игор Кесар (Пелистер)            6          57.53%