16.05.2022

Двајцата имаат просек од 24.57 поени по натпревар

СТАТИСТИКА ПО 8. КОЛО-СУПЕРЛИГА/7.КОЛО ПЛЕЈ-АУТ-ЛИГА: Балмазовиќ и Марјановиќ во поентерски егал

ФОТО: Стефан Балмазовиќ (Работнички) е веќе ко-лидер на листата на стрелците вто вториот дел

Викенд колото во двете натпреварувачи групи во Првата лига, донесе изедначување на листата на најдобрите стрелци.

Стефан Балмазовиќ од Работнички го стигна просекот кој го има играчот на Куманово 2009, Андрија Марјановиќ. На три кола од крајот на Плеј-аут лигата, имаат по 172 реализации, или просек од 24.57 поени по натпревар.

За малку подобар ефект во однос на Тач Унрух, кој го прескокна ова коло и остана на 22.5 поени, и Грифин Раме (Ангели) кој има 20.29 поени.

Уште еден „кумановец“, Душан Јузбашиќ, се проби на првото место на листата на најдобрите скокачи, има просек од 12.17 скока, со кои го надмина Намди Оконкво (Кожув) со 11.17.

Деон Едвин не играше за Работнички на гостувањето во Гевгелија, остана на фантастичниот просек од десет додавања, и ја зголеми разликата во однос на Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) кој има 6.86 и Александар Костоски (ТФТ) со 5.88.

Едвин остана и прв на листата на играчи со најмногу освоени топки, по 2.6 на натпревар, и втор во рејтингот на играчи со најголем број на загубени топки (по 3.8 на меч) зад Недељко Кошанин од Навико Академија ФМП со 4.57.

Намди Оконкво од Кожув останува најдобар блокер, со просек од 2.5 блокади, а Горан Главчев игра со највисока минутажа. Веќе искусниот бек на Кожув игра во просек по 37:29 минути за нијанса повеќе во однос на Стефан Балмазовиќ (Работнички) кој има 37:25 минути.

Тач Унрух (Кожув) останува најдобар на листата на реализатори за еден поен со 88.89%, пред Рикиќ (МЗТ Скоје Аеродром) со 87.88% и Никола Малешевиќ (Пелистер) кој е на 85.71%.

Самет Јигитоглу е прв според успешноста на шутот за два поени со 68%, а неговиот соиграч од МЗТ Скопје Уни Банка, Виктор Исајлоски,со 52% во обидите за три поени.

Севкупно, Ваљмир Какруки има највисок процент на реализација од поле. Крилото на Работнишки погодува со точно 60% на успех од позициите за два и за три поени комбинирано.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     7          172     24.57

2.Стефан Балмазовиќ (Работнички)  7          172     24.57

3.Тач Унрух (Кожув)        6          135     22.50

4.Грифин Раме (Ангели) 7          142     20.29

5.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 6          119     19.83

СКОКОВИ

1.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 6          73       12.17

2.Намди Оконкво (Кожув)        6          67       11.17

3.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП)7         67       9.57

4.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 4          34       8.50

5.Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)   7          59       8.43

АСИСТЕНЦИИ

1.Деон Едвин (Работнички)      5          50       10.0

2.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП)   7          48       6.86

3.Александар Костоски (ТФТ)  8          47       5.88

4.Грифин Раме (Ангели) 7          38       5.43

5.Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)        6          32       5.33

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП)   7          32       4.57

2.Деон Едвин (Работнички)      5          19       3.8

3.Марин Петков (Феникс 2010)          8          29       3.63

4.Грифин Раме (Ангели) 7          25       3.57

5.Андреј Митревски (Феникс 2010)  7          24       3.43

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Деон Едвин (Работнички)      5          13       2.60

2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 6          14       2.33

3.Двејн Морган (ТФТ)     8          18       2.25

4.Били Ајви (МЗТ Скопје Аеродром) 8          18       2.25

5.Петар Николиќ (Куманово 2009)    7          15       2.14  

БЛОКАДИ

1.Намди Оконкво (Кожув)        6          15       2.5

2.Љубомир Младеновски (Пелистер)          8          14       1.75

3.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 6          6          1.0

4.Предраг Самарџиски (Еуро Никел 2005) 8          8          1.0     

5.Амир Смит (ТФТ)           7          7          1.00

МИНУТИ ВО ИГРА

1.Горан Главчев (Кожув)           7          262:26          37:29

2.Стефан Балмазовиќ (Работнички)  7          261:57          37:25

3.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     7          254:46          36:23

4.Ландриус Хортон (ТФТ)          8          276:24          34:33

5.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП) 7          241:32          34:30

ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Тач Унрух (Кожув)        6          88.89%

2.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)     8          87.88%

3.Никола Малешевиќ (Пелистер)      7          85.71%

4.Деон Едвин (Работнички)      5          85.00%

5.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)     7          84.78%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 4          68.00%

2.Амир Смит (ТФТ)           7          67.80%

3.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005)    8          64.58%

4.Намди Оконкво (Кожув)        6          65.58%

5.Тач Унрух (Кожув)        6          63.46%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Виктор Исајловски (МЗТ Скопје Уни Банка)        5          52.0%

2.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005)        8          50.0%

3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)   7          47.62%

4. Стефан Балмазовиќ (Работнички) 7          46.97%

5.Игор Кесар (Пелистер)            8          46.67%

ШУТ ОД ИГРА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

1.Валмир Какруки (Работнички)        7          60.0%

2.Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) 7          56.84%

3.Лука Петровски (МЗТ Скопје Уни Банка)  7          54.43%

4.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)   7          53.97%

5.Стефан Балмазовиќ (Работнички)  7          53.91%