Хрватска е апсолутен фаворит во дуелот со Македонија кој во четврток попладне, од 15.30 часот се игра во Олимписката сала во Рига. Како прв од натпреварите од ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА, и дел од групата „И“ од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2021 година.
Најава која ја испраќа селекторот на девојките во „коцкаста“ комбинација на опремата.
„Селекцијата на Македонија е најслабата во нашата група. Меѓутоа, ни требаат тие бодови, и очекувам тој натпревар да го решиме во своја корист, без оглед на големиот број на изостанувања. Позитивно е тоа што прво играме против нив, за да можеме малку да го почувствуваме теренот пред средбата со Летонија“- коментира селекторот на Хрватска, Стипе Бралиќ.
Поради проблеми со коронавирусот, Бралиќ не можел да смета на некоку стандардни репрезентативки како Тиквиќ, Слоњшак и Катавиќ.
„Повредена е Милетиќ, додека Бркиќ чека принова, и сигурно е дека не сме во онаа сила која ја очекувавме. Но мора да се собереме, и да ја искористиме првата меч-топка за пласман на Европското првенство“ – вели селекторот на Хрватска пред „балонот“ во Рига.
Покрај Бркиќ, стручниот стожер на женскиот сениорски хрватски национален тим е составен и од Ведрана Гргин-Фонсека и Горан Гуњевиќ, како асистенти, плус тимскиот менаџер Игор Колариќ. А на списокот од 14.имиња, се наоѓаат следниве кошаркарки:
Андријана Цвитковиќ (Рутроник Старс Келтерн-Германија), Ана-Марија Бегиќ (Виртус Болоња-Италија), Клаудиа Периша (Ел Пастор Замарат-Шпанија), Миа Машиќ (КК Ријека), Јосипа Силов (ЖКК Шибеник), Ивана Дојкиќ (УСК Прага-Чешка), Нина Премасунац (Емполи-Италија), Нина Дедиќ (Слеза Вроцлав-Полска), Ивана Ујевиќ (ЖКК Шибеник), Ана Петрак (ЖКК Медвешчак), Карла Ерјавец (Универзитет Мајами-САД), Ружица Џанкиќ (Флипо Баскетс БГ 74-Германија), Анџела Стризе (ЖКК Медвешчак), Јосипа Јуриќ (КК Трешњевка 2009)