Нашите најдобри кошаркари се веќе во Левице, и веќе го одработија првиот тренинг во Арената во овој град, каде во четврток навечер (18. часот) ќе го одиграат натпреварот од петтото коло од групата „Д“ од вториот претквалификациски круг за место во оние главни квалификации за Евробаскетот 2025.
Искусниот Стојан Ѓуроски, кој од оваа сезона е дел од шпанскиот Оуренсе, смета дека нашата селекција е способна да ја реализира целата – да остане на првото место во групата кое директно води во квалификациите за ЕП.
„Мислам дека можеме да ја исполниме мисијата. Ако не верував во тоа, немаше да бидам тука. Знаеме дека Словаците играат доста добро дома, сега се засилени со нивниот најдобар кошаркар, кој направи разлика на последните два натпревари на кои настапи.
Си ја знаеме нашата игра, со мали промени во тактиката во нашата игра, мислам дека ќе славиме уште во Словачка, за првото место, кое нè води во следните квалификации. Атмосферата е одлична, на секој следен натпревар одиме максимално, па што биде - нека биде“ – вели високото крило на нашиот национален тим.
КОИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА СТОЈАН ЃУРОСКИ ПРЕД ТРЕТИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2023