26.08.2022 Репрезентативното крило се враќа во Шпанија, ќе игра во „ЛЕБ Оро“ лигата Победата во Данска беше важен момент и за Стојан Ѓуроски. Но освен тоа, нашиот репрезентативец имаше уште една причина за задоволство. Затоа што искусното крило стави крај на дилемите околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. А од неколкуте понуди кои во текот на ова лето стигнаа на негова адреса, Ѓуроски одлучи да ја прифати онаа на шпанскиот Оуренсе. Станува збор за екипа од „ЛЕБ оро“ лигата, добро позната за нашиот репрезентативец, кој веќе има искуство со настапи во оваа конкуренција како играч на Хуеска, Mелила и Аликанте.