Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски во наредната сезона ќе игра во Шпанија. Поточно ќе го носи дресот на шпанскиот второлигаш Аликанте, со кој се обврза на едногодишна соработка.
За Ѓуроски ова всушност ќе претставува своевидно враќање на Пиринејскиот Полуостров, каде што претходно играше за екипите на Хуеска и Мелилја, исто така во ЛЕБ Силвер лига.
Екипата на Аликанте во минатиот незавршен шампионат (прекинат поради пандемијата на коронавирусот) го освои четвртото место иако тоа беше премиерен настап за овој клуб во оваа второлигашка конкуренција во Шпанија.
Во текот на ланската сезона, високото крило на нашиот национален тим настапуваше за францускиот ПРО Б лигаш, Евре.
Претходно играше и за Левски, Работнички, Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Блокотехна.