21.01.2020

Стојановски го одработи првиот тренинг со Гравелин (ФОТО)

Нема многу време за „аклиматизација“ Војдан Стојановски...

 

Навистина премногу брзо, или подобро кажано, експресно дојде промената на местото на живеење и клубот каде ќе ја продолжи играчката кариера.

Откако со кратко видео беше претставен на јавноста, капитенот на „црвено-жолтите“ веднаш го одработи и првиот тренинг со соиграчите од Гравелин.

Како изгледаа првите минути на Стојановски во новиот амбиент, низ неколку фотографии кои ги поставија луѓето од медиа-тимот на францускиот прволигаш.

За четири дена, односно на 25. јануари, Стојановски го чека и првиот предизвик во новиот дрес, дуелот на домашен терен против екипата на Дижон.