28.06.2022

„Ова време сакаме да го искористиме да собереме повеќе искуство“- вели дебитантот во репрезентативното друштво

СТРАХИЛ НИКОЛОВ: „Секогаш е добро да се работи со вака искусни играчи, собираме искуство за иднина“ (ВИДЕО)

Добрите игри и негови и на екипата за која настапува, ТФТ, во изминатата сезона, го донесоа Страхил Николов на поширокиот список на селекторот Драган Бајиќ за претстојниот јулски ФИБА “прозорец“ во кој следуваат два натпревари. Прво на 1. Јули против Шпанија во Сарагоса, а три дена пооцна и против Украина во Скопје.

„Првпат сум повикан, оттука можам да кажам дека е чест и задоволство што сум дел од овој тим, и да ветам дека ќе се обидам да се покажам во најдобро светло, и да помогнам, колку што можам сите заедно, во овој циклус да дојдеме барем до една победа“.

Шансата за тоа постои, макар што пред нас се два исклучително тешки ривали во групата, прво играме со Шанија потоа на домашне терен и против Украина?

„Би рекол дека поголеми се шансите да го направиме тоа во дуелот со Украина, затоа што сепак, Шпанија е нешто друго. Но како и да е, ќе се обидеме и со Шпанија да одиграме најдобро што можеме“.

Овој јулски ФИБА „прозорец“ е добра шанса и за вас помладите, да дојдете до својата шанса за играње во сениорскиот национален тим?

„Секако, собираме искуство низ овие заеднички тренинзи со доста поискусни играчи од нас. Ова време сакаме да го искористиме да собереме повеќе искуство. Секако и да бидеме дел до оваа селекција и во некои наредни акции на репрезентативниот тим“- посакува еден од играчите кои за прв пат почувствуваа како е да се биде дел од најдобрата селекција.