Од ФИБА беше потврдено дека францускиот град ќе биде местото каде ќе се играат две групи од Европското првенство
Арената „Ренус Спорт“ во Стразбур, со капацитет од 6.100 седишта, ќе биде домаќин на две групи од првата фаза, како и некои средби од четвртфиналето на наредниот Еврбаскет во 2021 година, во женска конкуренција.
Како што беше најавено претходно, завршната фаза на натпреварувањето, како и другите две групи од групната фаза и некои мечеви од четвртфиналето, ќе се играат во Валенсија.
„Воодушевени сме што Евробаскетот на ФИБА ќе се организира во град со толку богата кошаркарска традиција“ - изјави извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак. „Би сакал да им се заблагодарам на локалните власти во Стразбур за нивната иницијатива и на г-дин Жан-Пјер Сиутат и Француската федерација за олеснувањето на овој исход. Дури и во овие неизвесни времиња, со голем оптимизам се радуваме на настанот следната година и возбуда“.
Женскиот Евробаскет 2021 во организација на ФИБА треба да се одржи во периодот од 17. до 27. јуни, во 2021 година.