14.02.2022

По одигрувањето на двата заостанати натпревари, познати се полуфиналните двојки во женска конкуренција

Струга 2009 е последниот учесник на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2022

Екипата на Струга 2009 е четвртиот и последен учесник на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ - 2022

По одигрувањето на двата заостанати натпревари од 13 односно 14. коло, формирана е и конечната табела во Првата лига-жени по завршувањето на првиот дел од натпреварувачката сезона 2021/2022.

Индиректно, актуелниот шампион Баскет Кам 2011 со победите против Струга 2009 (55:48) и против Крива Паланка (79:60), го одреди пласманот по 14 одиграни кола.

Екипите на Струга 2009 и на Крива Паланка го завршија првата фаза од првенството со идентичен скор. Имаат по 17. бодови (пет победи и седум порази). Но поради подобриот скор во меѓусебните натпревари, екипата на Струга 2009 е на четвртото место на табелата кое води на завршниот Куп-турнир.

Согласно со тоа формирани се и полуфиналните двојки за ова натпреварување:

Бадел 1862 – Струга 2009

Баскет Кам 2011 - Вардар