Македонските интернационални судии Александар Милојевиќ и Иван Мијалковски дадоа голем придонес во едуцирањето на своите млади колеги, со издавањето на Прирачникот за кошаркарско судење.
Во него се објавени најразлични материјали поврзани со кошаркарското судење, кошаркарските правила и механиката на судењето, како и текстови од нивни колеги и еминентни стручни лица од државата и пошироко, докажани во својата област.
„Во услови кога во светот и во Република Северна Македонија владее пандемијата предизвикана од COVID - 19 и кога беа запрени сите организирани спортски натпреварувања, вклучувајќи ги и тие во кошарката, кога бевме дома и изолирани од сите кошаркарски збиднувања, се обидовме и создадовме прв прирачник за кошаркарско судење од осамостојувањето на нашата држава.
Доколку со текстовите во овој прирачник се разјаснат некои работи кои не ни биле доволно јасни поврзани со кошаркарското судење, нашата цел е постигната“, велат авторите на Прирачникот.
Александар Милојевиќ околу три децении беше активен судија и учесник на најголемите кошаркарски настани во земјава, Европа и светот на клупско и репрезентативно ниво. Минатата година ја заврши кариерата и во моментов ја извршува функцијата Комесар за натпреварување при КФСМ.
Мијалковски има 38 години и уште повеќе од една деценија активно судење. И тој е интернационален судија, еден од најдобрите во земјава и години наназад учесник на големите европски и светски натпреварувања.
При изработката на овој Прирачник, авторите имаа голема помош од еминентни имиња во македонскиот и европскиот спорт:
1. Славе Николов, ИХФ/ЕХФ ракометен судија,
2. Михајло Маноилов - Мики, Физиотерапевт, член на здравствената комисија при КФСМ,
3. Емил Рајковиќ, Кошаркарски тренер,
4. Ленче А. Величковска, Проф. д-р, Спортски психолог,
5. Дамјан и Војдан Стојановски, Кошаркари, репрезентативци на РСМ,
6. Бобан Митев, м-р, Kошаркарски тренер,
7. Зоран Николовски, Делегат - контролор,
8. Панче Милевски - Панта, Кошаркарски тренер,
9. Влатко Матевски, Кошаркарски тренер,
10. Зоран Шутуловиќ, ФИБА национален инструктор на КСЦГ,
11. Борче Даскаловски, Проф. д-р, Кошаркарски тренер,
12. Претставници од Здружение на хрватските кошаркарски судии, UHKS,
13. Претставници на Мегаспорт,
14. Мила Чавара, ФИБА судија од БИХ, и фитнес инструктор,
15. Златко Јанакијевски, м-р, Кондиционен тренер,
16. Бојан Живковиќ, Кошаркарски и фитнес тренер,
17. Томи Панов, ФИБА судија,
18. Владо Цветаноски, Државан кошаркарски судија, и FRIP 1 level инструктор,
19. Алија Феревски, ФИБА судија,
20. Александер Павлов, ФИБА судија,
21. Константин Митев, Доц. Д-р, Хирург – трауматолог,
22. Томе Дишлијев, ИТ сектор при КФСМ.
Особена благодарност на:
23. Игор Зафировски, дипломиран професор по физичка култура, кој помогна во печатењето на овој прирачник.