Овој викенд, поточно на 1. октомври (сабота), Судиската комисија при КФСМ ќе ги реализира своите планирани активности, а кои се поврзани со организација на задолжителниот семинар пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка сезона 2022/2023.
Во улога на предавачи се нашите официјални лица со знакот на ФИБА. За измените на кошаркарските правила ќе говори националниот ФИБА-инструктор, Ѓорѓи Пиперков. Игор Митровски ќе ги пренесе своите искуства од учеството на Евробаскетот 2022, додека пак Петар Денковски ќе се осврне за „критериумите за судење“. Кратка анализа на минатата сезона 2021/2022 и информации за претстојната сезона 2022/2023 ќе даде Александар Милојевиќ, Комесар за натпреварување при КФСМ.
РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИ НА СЕМИНАРОТ
1.ОКТОМВРИ (САБОТА)
08.00 – 10.20: Легер тест за судии (Мала сала СЦ „Борис Трајковски“)
10.30 – 10.40: Отворање на Семинарот – Елена Велкоска, Претседател на Судиска Комисија при КФСМ
10.45 – 11.20: „Измени на кошаркарските правила (прв дел)“ – Ѓорѓи Пиперков, FIBA Инструктор
11.20 – 11.30: Пауза
11:35 – 12.15: „Измени на кошаркарските правила (втор дел)“ – Ѓорѓи Пиперков, FIBA Инструктор
12.25 – 13.10: „Акција на шут“ – Игор Митровски, FIBA FRIP 1
13.10 – 13.30: Пауза
13.35 – 14.20: „Критериуми за судење“ – Петар Денковски, FIBA FRIP 1
14.25 – 14.55: „Eurobasket 2022 – Искуства и импресии“ – Игор Митровски
14.55 – 15.20: Прашања во врска со правила, механика, толкувања...
15.25 – 17.25: Пауза
17.30 – 18.20: Осврт на минатата сезона 2021/2022 и информации за претстојната сезона 2022/2023 – Александар Милојевиќ, Комесар за
натпреварување при КФСМ
18.30 – 19.15: Теоретски тест за судии и делегати
19.20 – 19.30: Затворање на семинарот
*Место на одржување: Спортски Центар „Борис Трајковски“ во Скопје