21.09.2023

И оваа година подготви една обемна програма која ќе биде реализирана во текот на 23 и 24.септември во Скопје

Судиската комисија организира претсезонски семинар за судии и делегати

Овој викенд, во Скопје, ќе биде реализиран и задолжитениот претсезонски семинар за судии и делегати.

Судиската комисија се потруди и оваа година да подготви една обемна програма која ќе биде реализирана во текот на 23 и 24.септември (сабота и недела), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, како и во големата сала на СРЦ„ Кале“.

Во улога на предавачи ќе бидат нашите претставници со знакот на Светската кошаркарска организација, националниот ФИБА инструктор, Ѓорѓи Пиперков, Игор Митровски, ФИБА судија и ФИБА ФРИП 1 инструктор, Петар Денковски, ФИБА ФРИП1 инструктор и видео-контролор во ФИБА, и комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

Согласно со планираните активности, семинарот ќе биде поделен во три сегменти:

-Физички (Легер Тест) за судии од сите групи:

-Едукативен теоретски дел:

-Теоретски тест за судии и делегати

Агенда за претсезонски семинар 2023/2024

Сабота, 23.9.2023 година

Судии: СРЦ Кале (голема сала), Скопје

- Пристигање во сала: најдоцна до 9.30 ч.

- Легер тест: од 09:50 до 11:10 (поделени во 5 групи)

- Заминување кон Хотел „Александар Палас“ и пристигнување најдоцна до 11:30 ч.

- Пријавување и ажурирање на податоци: од 11:30 до 12:00 ч.

Контролори и делегати:

- Пристигнување во Хотел „Александар Палас“ најдоцна до 09:00 ч.

- Пријавување и ажурирање на податоци: до 9:30 ч. Конгресна Сала 2 (Хотел А. Палас)

- 09:30 – 09:45: Осврт на контролите од минатата сезона и насоки за претстојната сезона – Зоран Николовски, член на СК КФСМ

- 09.45 – 11:30: Видео-работилница за контролори и кандидати за контролори (за истата е потребно секој член да понесе свој лаптоп)

- 12:00 – 12:15: Официјално отворање на Семинарот – Претставник од КФСМ / Претседател на СК КФСМ

- 12:15 – 13:00: Градење критериуми на судење – Ѓорѓи Пиперков, ФИБА национален инструктор

- 13:00 – 13:30: Кафе пауза (лоби пред Конгресна Сала 2)

- 13:30 – 14:15: Анализа на претходната и препораки за следната сезона – Александар Милојевиќ, комесар за натпревари при КФСМ

- 14:30 – 15:30: Пауза за ручек (ресторан во Хотел „Александар Палас“)

- 15:30 – 16:15: Механика на судење со тројца судии, Индивидуални техники на судење и протоколи на донесување одлуки – Ѓорѓи Пиперков, ФИБА национален инструктор

Недела, 24.9.2023 година

Судии, контролори и делегати: Пристигнување во СРЦ „Кале“ (најдоцна до 09:15 часот)

- 09:30 – 11:00: Практично предавање во сала на тема механика, најнови препораки и техника на судење – Игор Митровски, ФИБА судија и ФИБА ФРИП 1 инструктор

- Заминување кон Хотел „Александар Палас“ – конгресна сала 2

- 11:15 – 12:00: Кафе пауза (лоби пред конгресна Сала 2)

- 12.00 – 12.45: Главни поенти на судењeто – Петар Денковски, ФИБА ФРИП1 инструктор и видео контролор во ФИБА

- 12:45 – 13:15: Прашања, дилеми и дискусии

- 13:15 – 13:30: Кратка пауза

- 13:30 – 14:15: Неправилен блок (видео ситуации) – Петар Денковски, ФИБА ФРИП1 инструктор и видео-контролор во ФИБА

- 14:30 – 15:15: Теоретски тест за судии, делегати и контролори

- 15:30 – 15:45: Затворање на семинарот – СК КФСМ