25.09.2020

Викендов, во улога на гости-предавачи ќе бидат Даворин Накиќ, Миодраг Личина, Александар Глишиќ, Андреј Јелен, Адемир Зураповиќ

Судиската комисија организира претсезонски судиски вебинар

Судиската комисија продолжува со своите вонсезонски активности. На ред доаѓа, се лини, оној најважен сегмент, подготовките и организацијата на претсезонскиот судиски вебинар.

За жал, оваа година, поради пандемијата која ја предизвика присуството на вирусот КОВИД-19, истиот ќе биде реализиран онлајн, со користење на ЗООМ апликацијата која гостите на семинарот ќе „ги спои“ со нашиот судиско-делегатски кадар.

Покрај онлајн-предавањата на неколку наши ФИБА судии, како Александар Милојевиќ, Игор Митровски, Иван Мијалковски, и националниот ФИБА-инструктор, Ѓорѓи Пиперков, комисијата се погрижи како гости-предавачи да ги ангажира Даворин Накиќ, Миодраг Личина, Александар Глишиќ, Андреј Јелен и Адемир Зураповиќ, врвни професионалци, сите со знакот на ФИБА.

Освен тоа, за време на дводневниот вебинар, 26-27.септември (сабота/недела), комесарот за натпреварување при КФСМ, Сречко Хорват, ќе ги запознае присутните и со протоколот за сезоната 2020/2021.

Инаку, како дел од активностите на вебинарот, СККФСМ организира практично полагање на судии, и теоретско онлајн полагање за судии и за делегати за натпреварувачката сезона 2020/2021.

 

Aгенда за претсезонски судиски вебинар 2020

26.септември (сабота)

17.00 – 18.00: „Отворање на вебинарот” – Елена Велкоска, Даворин Накиќ,

„Флоп” Даворин Накиќ, Миодраг Личина

18.10 – 19.05: „Блок/Пробивање” – Андреј Јелен, Александар Глишиќ

19:15 – 20.00: „Неспортска грешка – критериуми” – Миодраг Личина,

Александар Глишиќ

20.10– 21.00: „Момент на шут и landing фаул” – Андреј Јелен, Адемир

Зураповиќ

21.05 – 21.45: „Карактеристики на модерен судија и модерно судење”

Александар Глишиќ, Адемир Зураповиќ

*Помеѓу секое предавање предвидено е десетминутен одмор

 

27.септември (недела)

17.00 – 18.00: „Измени на кошаркарски правила 2020” – Ѓорѓи Пиперков

18.10 – 19.05: „Двојна свирка” – Александар Милојевиќ

19:15 – 20:10: „Механика за тројца: Индивидуални судиски квалитети”

Игор Митровски

20.20– 21.15: „Грешки при контрола на топка и момент на шут” – Иван

Мијалковски

21.20 – 21.35: „Протоколи за натпреварувачка сезона 2020/21” – Сречко

Хорват

21.35 – 21.40: „Затварање“