18.09.2020

Секој член на судиската организација кој бил на листите минатата сезона, има свој профил на платформата за тестирање.

Судиската комисија организира пробно онлајн тестирање

Судиската Комисија при КФСМ, ги известува сите свои членови дека на 20.септември (недела), во 20.30 часот, ќе се одржи пробно онлајн тестирање на познавање на кошаркарските правила за сите судии и делегати кои претендираат да бидат на судиско-делегатските листи за натпреварувачката 2020/2021 година.

Секој член на судиската организација кој бил на листите минатата сезона, има свој профил на платформата за тестирање.

До платформата за тестирање може да се пристапи од десктоп компјутер, лаптоп или од таблет, а пристап од мобилен телефон не е возможен.

Сите детали како може да се пристапи до својот профил членовите ќе добијат упаство за употреба испратено на меил адреса.

Доколку некој член има потешкотии со својот профил, потребно е да прати мејл на: sudiska@basketball.org.mk и sekretarsudiska@gmail.com, или да се обрати кај админот на тел: 071/368-858 (Марко).

Се надеваме дека сите профили ќе функционираат беспрекорно и дека пробното тестирање ќе биде успешно.