Во текот на вчершнито ден одржан е состанок со сите делегати и контролори на кој се разгледани техничките аспекти од делегатската работа како и квалитетот на контролите во вториот дел од полусезоната и договорени се насоки заедно со комесарот за натпреварувања за понатамошниот тек од натпреварувањата.
Вечерва, пак, треба да се одржи онлајн состанок со Тренерската Комисија и со тренерите од Прва Лига мажи, на која ќе се разговара за досегашниот тек од сезоната, а во ито време ќе се дадат и насоки, очекувања и принципи за плеј-оф и плеј-аут натпреварите.
Утревечер, пак, ќе се одржи состанок со сите судии од првата и втората листа на судии на кои сумарно ќе им бидат презентирани заклучоците од претходните два состанока на Судиската Комисија со контролорите, делегатите и тренерите.