16.06.2023

Во финалето на средошколскиот шампионат, гимназијата „Никола Карев“ триумфираше против Бохумил Храбал од Чешка со резултат 99:95.

СУГЦ „Никола Карев“ од Скопје е европски првак за кошаркари од средни училишта

Федерацијата на училишен спорт на Македонија, беше домаќин на еден голем настан на почетокот на летниот период од оваа календарска 2023 година.

Во изминатите неколку денови, во Скопје се одржа Европското првенство за кошаркари од средни училишта, каде нашиот главен град ги пречека најдобрите 200 средношколци од седум европски држави.

Меѓу нив и четирите најдобри македонски тимови во женска и машка конкуренција кои се надигруваа за престижниот трофеј на оваа кошаркарска манифестација чиј главен промотор  беше претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ.

Он што е посебно важно, во оној натпреварувачки дел, е што шампионскиот пехар во машка конкуренција, заврши во рацете на кошаркарите на СУГС „Никола Карев“ – Скопје.

Во финалето, машкиот кошаркарски тим на оваа скопска гимнација триумфираше против Бохумил Храбал од Чешка со резултат 99:95.

А играчот на СУГЦ „Никола Карев“ Ангел Стојанов беше прогласен за најкорисен на турнирот во машка конкуренција.

Кај жените, златниот медал го освои чешката гимназија „Припоточни“ – Прага, која во финалето беше подобра од составот на Гимназијата „Милорад Васиќ“ од Република Српска (85:54), а Елипка Јаванска е МВП на турнирот.

Третото место во оваа конкуренција го зазема гимназијата „Ѓорќе Петров“