28.09.2025 „Имаме далеку помлада екипа оваа сезона, честитки до моите играчи“ Одлично прво полувреме имаа младите кошаркарки на Вардар во дуелот со фаворизираниот противник од Македонска Каменица. Дури и го добија првото полувреме со минимална предност. Но немаа сили во второто да му дадат посериозне отпор на бранителто на шампионската титула. „Најпрво честитки до екипата на Баскет Кам за освоениот трофеј. Ако гледаме, тоа е сосема заслужено знаејќи го нивниот квалитет кој го поседуваат. Но, исто така сакам да испратам и честитки до моите играчи, имаме далеку помлада екипа оваа сезона. Како тим имавме добар прв дел во кој се трудевме и париравме, ама во вториот дел квалитетот и искуството на ривалот дојдоа до израз“- коментираше Ашаданов по поразот од Баскет кам.