28.09.2025

„Но кога ќе сумирам на крајот задоволни сме и среќни што го освоиме Суперкупот“

СУПЕР КУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ - ТОНИ СИМИЌ: „Имавме различен пристап, но девојките сфатија дека ништо не се добива лесно“

Две различни полувремиња одиграа кошаркарките на Баскет кам во мечот од Супер Купот на Македонија во кој беа подобри од Вардар (63:44), за по четвртти пат по ред да го освојат пехарот во ова натпреварување:

„Во првото полувреме малку го потценивме Вардар, но имавме разговор на полувреме со девојките кои сфатија дека ништо не се добива лесно против никого.

Имавме различен пристап на терен, кошаркарките го испочитуваа она што се договоривме и што го побарав од нив. Но, сепак, имам разбирање за се, затоа што се работи за прв меч во сезоната, Но кога ќе сумирам на крајот задоволни сме и среќни што го освоиме Суперкупот на Македонија во чест на Драган Василов – Цевка“ – изјави новиот предводник на екипата од Македонска Каменица по првиот успех во новата сезона.