28.09.2025

„Имам екипа на победници, искусни и добри играчи, за кои немам сомнеж дека ќе играат доста подобро во иднина“

СУПЕР КУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ - ВАСКО АТАНАСОВ:„Некои работи кои требаше да ги правиме подобро не ги правевме, но ќе ги исправиме“

МЗТ Скопје Аеродром по осми пат во својата историја е освојувач на Супер Купот „Драган Василов-Цевка“. Во доста неизвесен меч, за нијанса беа подоброи оод гевгелиски Кожув (70:65). За задоволство кај тренерот на „сино-белите“, Васко Атанасов:

„Видовме доста неизвесен меч, јас и во најавата кажав дека ни следи интересен дуел. Се надевам дека публиката уживаше. За нас, ние сме се уште еден нов тим, екипата кој ја видовте на терен е заедно помалку од десет дена и имаа само еден меч заедно. Некои работи кои требаше да ги правиме подобро не ги правевме, но знам дека ќе ги исправиме. Имам екипа на победници, искусни и добри играчи, за кои немам сомнеж дека ќе играат доста подобро во иднина“- рече Атанасов по мечот во СРЦ „Кале“.