28.09.2025 „Во таа последна минута, Бојчев имаше шут за три не, погоди, на другата страна, погоди Војдан...“ Кошаркарите на Кожув беа многу блиску да го изненадат МЗТ Скопје. Во натпревар кој беше решен во последната минута, се чини дека пресудна беше тројката која ја постигна Војдан Стојановски, што го констатира и тренерот на екипата од Гевгелија, Апостоли Апостолов: „Се што бевме договорени со играчите, тоа е да играме агресивна одбрана и да трчаме, во цел меч го исполнивме. Бевме на една топка со МЗТ. Никола Бојчев имаше шут за три и не го погоди. На другата страна погоди Војдан Стојановски и искуството си го направи своето. Јас сум презадоволен од играта и мислам дека ако сме вакви на секој меч, ќе одиме напред“- смета Апостолов по поразот во дуелот со МЗТ Скопје.