26.09.2025

„Играме со Кожув, тоа е релативно нов состав, со нови имиња, ни останува добро да анализираме“

СУПЕР КУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ 2025: Бојан Крстевски: „Максимално и фокусирано против Кожув“

МЗТ Скопје во обуд да ја продолжи серијата на освојување на трофеи и во натпреварувањето кое се нарекува Суперкуп „Драган Василов-Цевка“.

Во недела навечер, од 19.30 часот, актуелниот шампион пред себе ќе ја има екипата со која во ланската сезона се сретнаа во финалниот меч од Купот на Македонија.

Беа „металците“ подобри од Кожув среде Гевгелија, го подигнаа победничкиот трофеј, а исто такво „сценарио“ се очекува да биде и во недела навечер во СРЦ „Кале“.

За еден од најискусните во екипата од „Јане Сандански“, Бојан Крстевски, Кожув е екипа која е доста променета во однос на ланската, за што треба и добра анализа во пресрет на првите официјални 40.минути, во новата сезпна во која носителот на тројната круна очекува продолжение на низата.

„Не очекува Суперкупот, тоа е прв официјален меч за нас оваа сезона. Минавме неколку недели заедно, добро се подготвивме за почетокот на оваа сезона. Играме со Кожув, тоа е релативно нов состав, со нови имиња, ни останува добро да анализираме, да се подготвиме и фокусирани, максимално да влеземе во натпреварот“ – вели искусниот крилен играч на бранителот на пехарот и во оваа конкуренција.