Лани го изненадија Баскет кам во финалето на Купот на Македонија, оваа година, поточно на почетокот на новата натпреварувачка сезона, кошаркарките на Вардар ќе се обидат да го „репризираат“ тоа што се случуваше на мечот во Гевгелија, во кој блескаше Елена Тасевска, која и го доби признанието за најкорисен играч на финалниот турнир од Купот на Македонија..
Сега, во натпреварот од Суперкупт „Драган Василов-Цевка“.
Најдобрата кошаркарка во „црвено-црниот“ состав е свесна дека пред себе имаат доста поискусна екипа каква што има Баскет кам, која за разлика од вардаровата, не претрпе сериозни промени во оној играчи ростер:
„Очекувам еден фер и коректен меч. Баскет Кам е искусна екипа, многу поискусна од нас, и се имаме сретнато повеќе пати со нив во текот на сезоните кои се зад нас. Ние сме млада екипа, но нема да се предадеме и ќе дадеме се од себе во овој Суперкуп дуел кој е прв официјален меч за нас во сеозната“ – вели Тасевска, пред дуелот кој е закажан за недела попладне, од17.часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје, со директен пренос на МРТ3.