26.09.2025

„Ја повикувам нашата публика да дојде во поголем број во Скопје, и да не бодри“

СУПЕР КУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ 2025: Илија Колев:„Добро знаеме со кого ќе играме, нека победи подобриот“

Дали недела ќе биде историски ден за кошарката во Гевгелија, ќе треба да покажат и докажат кошркарите на Коѓув.

Со местото во финалето на Купот, си обезбедија уште една шанса, да стигнат до историски прв трофеј, и за клубот и за градот Гевгелија.

Илија Колев, еден до најдобрите во составот на тренерот Апостолов, е свесен за важнооста на натпреварот кој е закажан за недела од 19.30 часот. Вели дека екипата го дочекува во добра атмосфера.

„Во недела не очекува важен натпревар, против екипата на МЗТ Скопје, која добро ја познаваме. бидејќи игравме лани против нив во финалето на Купот. Добро тренираме, имаме добра хемија во екипата. Како што се вели, нека победи подобриот. Исто така ја повикувам нашата публика да дојде во поголем број во Скопје, и да не бодри“- посакува крилото на екипата од Гевгелија.