МЗТ Скопје нема наамера да застане, по петти пат по ред, вкупно осми го освои Супер Купот „Драган Василов - Цевка“. Во еден доста, пред се, неизвесен натпревар, кој бешее решен во последната минута, беа подобри од гевгелиски Кожув. Уште еднаш, по којзнае кој пат во својата кариера, меч-винер беше Војдан Стојановски. При резултат (63:62), на „половина минута“ пред крајот, погоди за три, на истек на нападот, од доста тешка позиција, донесе недостижни (66:62), и победа на популарните „металци“.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КОЖУВ 71:65
Доста „сиромашна“ прва чегвртина одиграа двете екипи во мечот кој го даваше новиот победник во Супер Купот „Драган Василов-Цевка“. Во една таква ситуација, подобро се снаоѓаа кошаркарите на Кожув, кои прво се изборија за стартно водство од (12:6), кое до крајот на првиот период го зголемија на (18:11).
Како најава дека се подготвени да одат на изненадување против екипата која и не знае за пораз, не само во ова натпреварување.

Тешко се реализираа поени, и на двете страни од теренот, и во втората четвртина. Но Кожув беше екипата која имаше константно, макар и не така високо водство. По неполни три минути игра во вториот период, Кожув имаше плус 6 (23:17), а нешто слично беше нивното водство и кога се играше 17.минута, (29:24).
Во оние последни три од полувремето, МЗТ Скопје направи пресврт, и по трите слободни фрлања на Магдевски, премина во водство (32:31).
Токму Магдевски и МекКејден со девет реализации беа најефикасните играчи во екипата која го брани трофејот, додека на другата страна, десет поени дојдоа од Первис, а осум од Николас.

Без многу промени во играта продолжи натпреварот во СРЦ „Кале“...
Екипата од Аеродром, имаше предност но минимална, се до моментот кога Кожув ја поништи во 26 минута, (44:40), потоа и (47:43).
Но и тоа не траеше долго затоа што фаворитот во овој меч успеваше да го стигне тоа водство на противникот. Во неколку наврати семафорот бележеше нерешен резултат во тој трет период од играта, во кој, кај МЗТ Скопје отскокна Гил, кој дојде до 14.реализации. А слично како и на крајот на вториот, во последните секунди на третиот, сега со тројката на В.Стојановски, „металците“ одново водеа (55:52). Ама Бојчев и Николас не дозволија „бело-сините“ да имаат и поголема предност, намалија на „еден посед“, (56:57), момент од 33.минута.
На 1:52 минути пред крајот, Дубински погоди три слободни фрлања, и го врати Кожув во водство (62:61), и најави драматична завршница на натпреварот. Во наредниот напад, Петков положи, за нова промена (63:62), во корист на МЗТ Скопје. А тројката за победа, ја даде, кој друг, ако не Војдан Стојановски!
Кај МЗТ Скопје Аеродром, Гил имаше 16.поени (и седум скока), МекКејден застана на 13.поени, додека Војдан Стојановски запиша 13.поени (и шест скока и 3.освоени топки).
Во редовите на Кожув, Первис постигна 21, Николас имаше 12, Симиќ 8,и Бојчев по 8, а Дубински 7.поени.