Кошаркарките на Баскет кам во недела попладне ќе ја стартуваат новата натпреварувачаа сезoна во која пред себе ќе имаат сериозен предизвик. Влегуваат во одбрана на два од трите трофеи освоени во ланската.
А првиот трофеј за „бранење“ е оној во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кој за противник ја имаат екипата на Вардар која им „го зема“ пехарот во Купот на Македонија, на финалниот меч во Гевгелија.
Екипата од Македонска Каменица направи минимални измени во тимот, најголемата , дефинитивно, е на тренерската позиција на која е поставен Тони Симиќ.
За некогашниот репрезентативец, ова не е прва „конекција“ со тимот од Македонска Каменица, затоа што пред две сезони беше дел од стручниот тим на Баскет кам. И сега веќе искусниот тренер е добро познат со ситуацијата и релациите во тимот кој важи за фаворито во неделниот дуел.
„Не очекува меч од Суперкупот на Македонија кадешто играме со Вардар. Се работи за добропознат ривал за нас, релативно млад тим, но мислам дека ние како тим сме поквалитетни затоа што сме шампиони на Македонија и го задржавме костурот од лани. Желба е за старт да го освоиме Суперкупот, па да се фокусираме со работа за наредните предизвици“ – вели кратко новиот предводник на шампионот, пред неделниот натпревар во СРЦ „Кале“, кој стартува од 17.часот, ќе биде пренесуван на МРТ 3, а влезот е слободен.
