Екипата од Аеродром е неприкосновена во македонската клупска кошарка, доказ плус за тоа е и серијата на „сино-беллите“ и во натпреварите од Супер купот „Драган Василов-Цевка“.
Во недела (19.30 часот, директен пренос на МРТ3), популарните „металци“ ќе имаат нова можност да ја збогатат трофејната ризница во СЦ „Јане Сандански“ за уште еден, го носи победата во дуелот од Супе купот, во кој за противник го имаат гевгелиски Кожув. Екипа со која играа во финалето на националниот Куп, и беа подобри на гостински терен, во Гевгелија.
За разлика од тој меч во салата „26.април“, МЗТ Скопје направи неколку важни промени, но претежно на оние позиции кои се (до) полнуваат со странски кошаркари. Неколку нови лица, заедно со оние „старите“, се гарант дека аеродромци се повторно во улогата на топ-фаворит за освојување на трофеите и во новата натпреварувачка сезона.
Во таа насока се и размислувањата на тренерот Васко Атанасов пред неделниот натпревар со Кожув:
„За нас ова е почеток на официјалниот дел од сезоната. Стартуваме со Кожув, нашите цели се јасни. Суперкупот е еден од трофеите кои ги имаме потцртано да бидат во нашите витрини. Ги поканувам сите навивачи на дуелот и воедно сите љубители на кошарката да уживаат во овој дуел“ – порачува Атанасов пред официјалната премиера.
