Осум натпревари во домашното првенство во тековната натпреварувачка сезона беа потребни за да актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го доживее првиот пораз и тоа во вечното градско дерби, од лутиот ривал Работнички. Мотивацијата кај двете екипи беше еднаква, но бројот на грешки на гостинскиот состав беше поголема за што говори и крајниот исход – победа на Работнички со 78-70 (2-18, 19-10, 22-27, 22-27, 15-15).
Изедначена беше играта на двете екипи на почетокот на натпреварот, но искусните кошаркари од домашниот состав знаеја како да изнудат пенали од противникот. Тоа резултираше со голем број на лични грешки за само едно полувреме - фактор што и тоа како влијаеше на самодовербата на кошаркарите од клубот од Аеродром. Мијатовиќ, кој беше најефективен во првиот период (пет поени) мораше да го напушти теренот предвреме откако по 11 минути игра ја заработи третата личната грешка. Следеше пад на концентрацијата на гостите што за „центарци“ беше стимул за брза серија на поени, најмногу од надворешните линии за огромна предност (41-28 на полувреме). До крајот гостите се разбудија, се заканија резултатски во последниот период, но шутерите на Работнички повторно беа во центарот на вниманието кои придонесоа најмногу за одржување на удобната предност.
Стрелци на натпреварот
Работнички: Илиевски (15 поени), Чековски (19), Тасовски (17), Мишановиќ (15 поени и 10 скокови)
МЗТ Скопје Аеродром: Клоф (20 поени), Лалиќ (11 поени)
Драган Николиќ и Марјан Србиноски го извлекоа максимумот од сите кошаркари кои ги имаа на располагање, но подолгата клупа на домаќинот го реши победникот. Во воведните три минути кошаркарите на Куманово не можеа да го фатат ритамот на брзите противници од Карпош Соколи против. Домаќините наталожија двоцифрено водство уште во првиот период кое се покажа како сосема доволно за намалување на самодовербата на ланскиот вицешампион. По 40 одиграни минути, Карпош Соколи славеше со конечни 100-75 односно 22-12, 31-23, 18-18 и 29-22 по делници.
Стрелци на натпрварот
Карпош Соколи: Пери (11 поени), Лабовиќ (13), Соколов (18), Зековиќ (13), Мавра (11)
Куманово: Караџовски (15 поени), Браун (10), Јанески (10), Караколев (12)
Фени индустри успеа да ја запише својата втора победа во тековната натпреварувачка сезона од Супер лигата. Трикратниот шампион во домашното првенство без многу мака го совлада составот на гевгелиски Кожув со 79-69 односно 24-11, 14-18, 20-19 и 21-21 по делници. Младиот репрезентативец Бобан Стајиќ беше разигран на овој натпревар и со 22 поени и 10 скокови најефективен за својот клуб. Тој и уште шестмина му беа доволни во ротацијата на Љупчо Малинков за триумф додека во противничкиот табор расположениот репрезентативен центар Бојан Крстевски сам не можеше да се носи со комплетниот противник.
Стрелци на натпреварот
Фени индустри: Стајиќ (22 поени и 10 скокови), Петровски (16), Шарабиѕе (11)
Кожув: Крстевски (24 поени), Мијовиќ (12)