Шестото коло во тековната натпреварувачка сезона го затворија екипите на Работнички и Карпош Соколи со меѓусебен дуел. Домаќинот не дозволи противникот да ги однесе двата бода од „Градски Парк“ и триумфира по тесна битка со конечни 79-74 (23-21,14-20, 20-15, 22-18)
Најтрофејниот кошаркарски колектив го трасираше патот кон својата четврта победа во тековната сезона во Супер лигата, но низа од нереализирани шутеви во комбинација со неколку загубени топки беше пресудно за конечниот исход. Избраниците на Марин Докузовски се мачеа со брзата игра на искусниот противник поради која разликата се стопи на само еден поен пред почетокот на последниот период (57-56). Се чинеше како сè да е решено по пет минути игра кога „соколите“ наталожија предност, но искусните Илиевски и Чековски изнудија фаули, со тоа и слободни фрлања кои ги реализираа и одново се играше во егал. Повторно следеше период на грешки и промашувања, но раката на Димитар Мираковски остана стабилна. Искусниот плејмејкер со две тројки во низа ја смири играта и му донесе водство на својот тим кое до крајот гостинот не можеше да го достигне.
Стрелци на натпреварот
Работнички: Илиевски (16поени, осум асистенции), Чековски (22), Мираковски (18)
Карпош Соколи: Лабовиќ (24 поен), Зековиќ (18)