Актуелниот шампион во домашното првенство, МЗТ Скопје Аеродом, ја запиша и седмата победа во тековната натпреварувачка сезона со 79-75 односно 16-14, 21-16, 25-28 и 17-17 по делници. Втор пат оваа сезона во Супер лигата, кошаркарите на Кожув немаа решение за зонската одбрана на клубот од Аеродром чии шутери не им дозволија на гевгеличани да им се одмаздат за елиминацијата во четвртфиналето од Купот на Република Македонија.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром опуштено влегоа во натпреварот со таложење на минимално водство. Секојпат кога кошаркарите од гостинскиот состав ќе ја пробиеја одбраната, најчесто Крстевски или Штерјов, домаќините имаа соодветен одговор кој се состоеше од брза транзиција и шут од далечина. Надворешните линии беа максимално покриени, а со 13 реализирани шутеви надвор од линијата за три поени, МЗТ Скопје Аеродром воопшто немаше проблеми за формално доигрување на натпреварот.
Стрелци на натпреварот
МЗТ Скопје Аеродром: Клоф (10 поени), Дреновац (14), Симоновски (15), Темс (14)
Кожув: Крстевски (16 поени), Мијовиќ (17), Ѓурасовиќ (12), Хал (13)