28.03.2019

Преодниот рок завршува на 5. април!

Супер лигата и Плејаут лигата стартуваат на 6. април

Единаесет тимови низ дваесет и две кола тековната натпреварувачка сезона во Првата лига во машка сениорска конкуренција се надигруваат за шест места во Суперлигата односно пет во Плејаут лигата.

Првите шест пласирани тимови на табелата во Првата лига мажи ќе се надигруваат во Суперлигата која ќе започне на 6. април додека преостанатите пет клуба ќе се надигруваат за опстанок во елитната конкуренција, а борбата ќе започне на ист датум како и Супер лигата - 6. април.

Последнопласираниот во Плејаут лигата ќе игра бараж натпревари (дома-гости) со второпласираниот од Втората лига мажи.

Регуларниот дел од првенството за тековната сезона (2018/2019) ќе заврши со заокружување на 22. коло предвидено да се одигра претстојниот викенд.

Согласно Регистрацискиот правилник член 23, преодниот рок за регистрација на играчи во Супер лигата и Плеј аут лигата за сезона 2018/19 завршува на ден 5. април 2019 година.